Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

АЛАН ФОРД

СТРИПОТ КОЈ 50 ГОДИНИ НЕ ОСТАРЕ НИ ДЕН

 

Насловот е превземен од кај Трендо, греота е да се смени и една буква. И наредните реченици се од таму. Оваа година навршува половина век од Алан Форд, стрипот без кој не би требало да помине ни една младост, без разлика во каков медиумски и технолошки еко-систем се живее. Стрип за групата ТНТ која е составена од луѓе кои се составени од мани. Го пишуваше Макс Бункер, го црташе Магнус и веројатно од тоа немаше да испадне ништо посебно ако не преведуваше маестрално разгираниот Ненад Брикси.

 

Респекат! Овој стрип најмногу докажува дека во едноставноста е генијалноста.

 

Во некоја друга прилика за приказната дека Гивеко работеше како групата ТНТ во цвеќарата со познатите ликови, а во продолжение големите мисли од малите мозоци на луѓето со мани:

 

- Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку 7 дена ко клошар.

- Не е важно да учествуваш, важно е да победиш.

- Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш.

- Кој спие не е буден.

- Вооружи се и бегај.

- Подобро нешто од нешто, отколку ништо од нешто.

- Никогаш не се предавај, освен кога мораш.

- Алане да бегаме, они се двајца, а ние сме сами.

- Налет, ѕидов е мазен како мазен ѕид.

- Ние ништо не ветуваме и тоа го исполнуваме - партија на вистината.

- Тука почива оној што повеќе го нема. (надгробен споменик)

- Тука лежам јас, а стоиш ти. Би било подобро да лежиш ти, а да стојам јас. (надгробен споменик)

- Мене најмногу ќе ме погоди мојата сопствена смрт.

- Подобро е да бидеш богат отколку да не бидеш.

- Долу тие, да живеам јас. (графит)

- Купите и цвеќе на саканата жена, но не ја заборавајте ни сопствената.

- Не и верувај на жена што лаже.

- Кој оди не трча.

- Кој лета, вреди, кој вреди, лета, кој не лета, не вреди.

- Подобро да издадеш книга отколку пријател.

- За татковината ќе дадам сè, па дури и нокт.

- Влезот е бесплатен, излезот се наплаќа. (натпис над кино)

- Дрогата го спаси од пеколот на љубовта.

- Подобро е да си богат и здрав, затоа што кога си сиромашен џабе ти е што си болен.

- Дојдов, видов, избегав.

- Пијте повеќе млеко, а помалку нафта.

- Па ти дечко стварно имаш материјал за два носа!

- Подобро да испаднеш будала отколку од воз.

 

Со почит,

Љубиша, 19.01.2019