Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

БРУТО ПЛАТА

БРУТО ПЛАТА е составена од:

 

1. ОСНОВНА ПЛАТА – се определува согласно договорот за работа и барањата на работното место ( стручна подготовка, стекнати вештини, сложеност и одговорност ). Секоја фирма треба да изготви систематизација на работни места и да утврди коефициент на сложеност на работните места. Основната плата се утврдува така што коефициентот на сложеност на работното место се множи со износот на минималната бруто плата пропишана со Закон. Основната плата за работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата утврдена со Закон и колективен договор.

 

2. РАБОТНА УСПЕШНОСТ – се проценува според домаќински однос, квалитет и обем на вршењето на работата, креативност и инвентивност, продуктивност, економичност, заштеди во процесот на работење, ефикасност и користење на средствата за работа и работното време и други мерила. Секоја фирма треба да изготви критериуми за утврдување на работната успешност со кои работникот се информира пред да почне да работи. Проценката на работната успешност ја врши одговорното лице кое го води и организира процесот на работа.

 

3. ДОДАТОЦИ – додаток за работен стаж, работа во смени, работа во поделено работно време, за работа во неповолни услови, ноќна работа, работа на дежурство, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор и работа во празници.

Основната плата се зголемува по час најмалку за:

- прекувремена работа = 35%

- работа ноќе = 35%

- работа во 3 смени = 5%

- работа во ден на неделен одмор = 50%

- работа во денови на празници = 50%

- работа во неработни денови утврдени со Закон = 50%

Основната плата се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.

 

4. ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД – согласно Закон за данок на личен доход.

 

5. ПРИДОНЕСИ – согласно Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување.

 

6. ТРОШОЦИ – во врска со исплатата на плата се на товар на работодавачот.

 

НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА

 

Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата во целост во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

-  користење на годишен одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

-  користење на вонреден одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

-  дообразување, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

-  празници определени со Закон

-  користење на слободни денови, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

-  време на отказен рок, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

-  од причини од страна на работодавачот и донесена одлука од негова страна.

Работодавачот е должен да исплати делумно надоместок на плата во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

-  поради болест или повреда во траење до 15 дена, врз основа на соодветен документ,

-  поради повреда и над 30 дена, ако се утврди вина на работодавачот

-  поради виша сила, се исплаќа половина плата во висина од неговата просечна плата во последните 12 месеци, ако во тој период не примал плата, се исплаќа најниската плата

-  поради прекин на работниот процес од деловни причини се исплаќа 70% од платата за период до 3 месеци во тековната година.

 

НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

 

Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за:

-  дневници за службено патување во земјата = 8% од основицата

-  дневници за службено патување во странство = согласно Уредбата за органите на управата

-  теренски додаток = во зависност од обезбедените услови за работа на терен

-  користење на приватен автомобил за службени патувања = 30% од цената на литар гориво по изминат километар

-  одвоен живот од семејството = 60% од основицата

-  регрес за годишен одмор = 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач

-  смрт на работникот = 3 основици

-  смрт на член на семејство на работникот кои живеат во иста семејна заедница = 2 основици

-  отпремнина при одење во пензија = 2 основици

-  јубилејни награди = 1 основица за најмалку 10 години работа кај ист работодавач

-  организиран превоз од страна на работодавачот до и од работното место = во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај

-  организирана исхрана од страна на работодавачот за време на работа = во висина до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година.

Основица за пресметување на надоместоците претставува просечната месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните 3 месеци.

 

ПРИПРАВНИК

 

Работник-приправник има право на плата не помалку од 70% од основната плата на работното место за кое се оспособува.