Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ТОШЕ

 

Така зборуваше Тоше

 

- Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно. 

- Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот. 

- Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов. 

- Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден. 

- Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе. 

- Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал. 

- Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен. 

- Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно. 

- Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене. 

- Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам. 

- За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо. 

- Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено - исто како во војната. 

- Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа. 

- Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат. 

- За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè! 

- Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.

 

Саканите имаат само ден на раѓање.

 

Ве сакам сите, и ние сите те сакаме.

 

Гивеко, нема датум, вечно...