Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ЧЛЕН СО ЧЛЕН СЕ ДОПУНУЈЕ

 

Има една изрека на српски : клин се клином избија, а во овој случај се применуе член со член се допунује, а да не збориме за ставови, точки, алинеи, оддели, пододдели, глави...

 

Вака пише у член 19, став 4 од еден закон:

 

(4) Во случаите на член 3 став (2) точка 7, член 3 став (3) точка 4, член 6 став (2) точка 5 и член 6 став (3) точка 4 од овој закон, за даночна основа се смета пазарната вредност без данокот на додадена вредност на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршено од страна на закупецот, која е определена од овластен проценувач во моментот на настанување на даночниот долг согласно член 31 став (7) на овој закон.

 

А вака се чита, кога членовите, ставовите и точките, шуќур нема алинеи, ќе се заменат со соодветниот текст од истите:

 

(4) Во случаите на (член 3 став (2) точка 7) Прометот на добра од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот, (член 3 став (3) точка 4) Прометот на добра без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот, (член 6 став (2) точка 5) Прометот на услуги од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот и (член 6 став (3) точка 4) Промет на услуги без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот, од овој закон, за даночна основа се смета пазарната вредност без данокот на додадена вредност на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршено од страна на закупецот, која е определена од овластен проценувач во моментот на настанување на даночниот долг согласно (член 31 став (7)) За време на настанување на даночен долг во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета: 1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува или 2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп или 3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест во смисла на (член 3 став (2) точка 7) Прометот на добра од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот и (член 6 став (2) точка 5) Прометот на услуги од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот, од овој закон, на овој закон.

 

И сеа, е па искочи цел роман за читање. Има вакви бројни примери, ова е еден од бисерите, ама за жал не Охридски. У член 19 законодавците те шетаат уназад у член 3 и 6, па напред у член 31 и пак назад у 3 и 6, плус ставови и точки. Премногу е, претерано се заоѓа во решавање на случаи од животот и работењето со нивно вчипување во законски рамки. Така е кога си патиме од тоа да се пребројуваме и набројуваме, као да сме Америка.

 

Ние сме мала земја со едноставни луѓе и ни требаат кратки и јасни законски прописи.