Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

ДДВ

 

1. Во врска со денот на доставување на ДДВ пријавата, што сега е определено да биде на датум 25.01. наредната за изминатата година, треба да се помести на датум 15.02., со што ќе се има доволно време да се изготви точна пријава, особено по завршувањето на пописот.

 

2. Прилив на парични средства, само по себе, не претставува промет и не подлежи на оданочување со ДДВ.

 

3. Ако даночен обврзник - резидент во странство му издаде фактура на примателот на исполнувањето без искажан данок, примателот на исполнувањето е должен да го пресмета данокот според стапката за соодветниот промет, која важи во моментот на извршување на прометот. Даночна основа е износот платен спрема вршителот на прометот.

 

4. Дополнително одобрен рабат откако бил извршен прометот, а кој рабат бил во зависност од обемот на прометот, при што како резултат на истото доаѓа и до промена на цената на производите или добрата, во согласност со купувачот, ќе влијае во пресметката на ДДВ, ако ценовното намалување одвоено е искажано во документ составен согласно член 53 став 2 од Законот за ДДВ, со следниве податоци:

  • назив на даночниот обврзник вршител на прометот со ДДВ даночен број
  • назив и адреса на примателот на добрата или услугата
  • причината за намалувањето на цената
  • опис на добрата и услугите и нивната количина
  • вкупниот износ на намалување без ДДВ, стапката и износот на ДДВ што се одобрува
  • број и датум на оригиналната фактура по која се врши одобрувањето.

Горе наведеното мора да биде евидентирано во книговодството.

 

5. Задолжителна регистрација за ДДВ од страна на физички лица

Физички лица задолжително се регистрираат за ДДВ ако остварат приходи од самостојно вршење дејност, во износ поголем од 1.000.000. мкд во текот на една година.

Платата и примањата по основ на работен однос не се сметаат за самостојна дејност.

Дејноста како член на контролни органи се смета за самостојна дејност.

Самостојно вршење дејност постои кога истата е насочена кон постојано или привремено вршење и заради реализација на приходи. Критериуми кои определуваат постојано или привремено вршење дејност се : планско повторување на одредена дејност, интензитетот на делување, учеството на пазарот како производител, трговец или вршител на услуги, водењето на деловен локал, настапувањето спрема трети лица.

Изнајмување на станбени објекти и станови за станбени цели не подлежи на ДДВ.

Изнајмување на деловни објекти подлежи на ДДВ ако се премине прагот од 1.000.000. мкд.

Лицата кои вршат земјоделска дејност и оствариле приход ( се вклучуваат и субвенциите ) поголем од 1.000.000. мкд се должни да се регистрираат за ДДВ.

Даночните обврзници за ДДВ остануваат регистрирани најмалку 5 години.