Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Врз основа на член 170 став 2 од Законот за трговски друштва, ( Сл. Весник на РМ број 28/04...61/16 ), основачот Љубиша Лазаровски, на ден 27.02.2017 година, донесува

 

И  З  Ј  А  В  А

за основање на трговско друштво во форма на д.о.о.е.л.

пречистен текст

 

ОСНОВАЧ

Основач на друштвото е: Љубиша Лазаровски, ЕМБГ 2702957450026, со адреса на живеење на ул. Нобелова, бр. 7, Скопје.

ФИРМА

Назив на фирмата е: друштво за услуги ГИВЕКО дооел Скопје.

 

СЕДИШТЕ

Седиштето  на  друштвото  е:  ул.  Букурешка, бр.3,  Скопје.

 

ПРЕДМЕТ НА РАБОТЕЊЕ

Предмет на работење на друштвото како основна дејност е: 69.20 – сметководствени, книговодствени и ревизорски работи; даночно советување.

Предмет на работење на друштвото се и сите останати дејности утврдени со НКД, освен оние за кои е потребна согласност, дозвола или друг акт на надлежен државен орган.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДРУШТВОТО

Друштвото се основа на неограничено времетраење.

ОСНОВНА ГЛАВНИНА

Основната  главнина  на  друштвото се состои од непаричен влог во износ од 367.900  денари.

 

Реден

опис

количина

тип–модел

проценета

број

вредност

1

столица

120

пластична

46.080

2

маса

25

пластична

7.680

3

принтер

4

live lx 400

24.960

4

трансформатор

1

back-ups/apc 1

8.640

5

климатизер

1

md kfr 36 gye

44.160

6

ласерскипринтер

1

star wintype

21.120

7

машиназакафе

1

mini grimak

30.400

8

компјутер

1

livetti 286

9.600

9

компјутер

1

586, 160 mhz

48.950

10

телефон

3

panasonic

5.120

11

столица

3

метална

8.000

12

компјутер

3

586, 133 mhz

99.840

13

компјутер

1

386, 40 mhz

13.440

             

вкупно

367.900

                 

 

Друштвото од моментот на уписот во трговскиот регистар има право слободно да располага со вложените средства.

УПРАВИТЕЛ, УПРАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ДРУШТВОТО

Управител на друштвото е: Љубиша Лазаровски, ЕМБГ 2702957450026, со адреса на живеење на ул. Нобелова, бр. 7, Скопје.

Управителот го управува и застапува друштвото без ограничувања.

ОБВРСКИ НА ОСНОВАЧОТ, РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА И ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА

Основачот го сноси ризикот на работењето на друштвото во висина на вложените средства при основањето на друштвото.

 Основачот не одговара со својот личен имот за обврските на друштвото што би ги направило во промет со трети лица.

Остварените добивки од деловните години му припаѓаат во целост на основачот.

Евентуалните загуби ги покрива основачот во висина на основната главнина.

 

ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ДРУШТВОТО

Друштвото престанува да постои според Закон или Изјава на основачот.

                                                                              О  С  Н  О  В  А  Ч

Скопје, 27.02.2017 година                                                      ---------------------------------------------------

                                                                                      Лазаровски  Љубиша