Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Друштво за услуги ГИВЕКО дооел 

ПРОГРАМА
ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ

Скопје; 30.10.2018 година

 

 Содржина:

 

1. Вовед;

 2. Цели, обем и начин на работа на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на субјектот;

 3. Организациска структура на субјектот, позиција на овластеното лице и неговиот заменик во организационата структура;

 4. Податоци за овластеното лице и неговиот заменик;

 5. Овластувања и одговорности на овластеното лице и неговиот заменик;

 6. Овластувања и одговорности на сите вработени во субјектот кои учествуваат во спроведувањето на одредбите на овој закон и подзаконските акти донесени врз негова основа;

 7. Заклучоци од спроведената проценка на ризик и начин на управување со ризик од перење пари и финансирање на тероризам;

8. Мерки на анализа на клиентот и прифатливост на клиенти;

 9. Начин на препознавање невообичаени трансакции и трансакции на сомневање за перење пари и финансирање на тероризам;

10.  Начин на воспоставување на внатрешен механизам за навремено и адекватно известување;

11.  Начин на чување на податоците и документите;

12.  Начин на доставување извештаи до Управата;

13.  План за постојана обука на вработените во субјектот од областа на спречување на перење пари и финансирање на тероризам која обезбедува реализација на најмалку две обуки во текот на годината и

14.  Процедура и план на вршење на внатрешна контрола на спроведување на мерките и дејствијата адекватни на големината и видот на субјектот.

 

 

1. Вовед

Согласно член 11 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам („Службен весник на РМ“ бр.120/18), субјектите се должни да изготват и применуваат Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам.

Со оваа Програма се определуваат правилата,процедурите и упатствата за примена на мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам.

2. Цели, обем и начин на работа на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на субјектот

Целта на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам е преземање мерки и дејствија заради откривање и спречување на перење пари, поврзани казниви дела и финансирање на тероризам.

Обемот и начинот на работа зависи од интензитетот на работата на субјектот и други околности (да се наведат околностите кои го определуваат обемот и начинот на работа).

Начинот на работа е во согласност со пропишаните мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам.


3. Организациска структура на субјектот, позиција на овластеното лице и неговиот заменик во организационата структура

Заради ефикасно работење на овластеното лице,неговиот заменик и на вработените во одделот,ГИВЕКО е должен да обезбеди исполнување најмалку на следниве услови:

  • издвоеност на активностите на овластеното лице,односно на одделот,од другите деловни активности на субјектот,кои што не се поврзани со активностите на спречувањето на перење пари и финансирање на тероризмот и контрола на усогласеноста на работењето со прописите,
  • независност на овластеното лице и на одделот при спроведувањето на мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање тероризам согласно со овој закон,
  • право на директен пристап до електронските бази на податоци и навремен пристап до сите информации потребни за непречено спроведување на програмата и одредбите на овој закон и
  • воспоставување директна комуникација со органите на управување на субјектот и друго.

За таа цел организационата поставеност на организационата единица која се грижи за спречување перење пари и финансирање тероризам, е независна и директно одговорна на управувачката структура на ГИВЕКО.

Овластеното лице има статус на одговорно лице за организациониот дел со кој раководи. Заменикот на овластеното лице има овластувањата што му се пренесени од овластеното лице согласно актите на ГИВЕКО.

Во извршувањето на својата работа, овластеното лице има право на директен пристап до електронските бази на податоци и навремен пристап до сите информации потребни за непречено спроведување на програмата, како и право да воспостави директна комуникација со органите на управување на ГИВЕКО.

4. Податоци за овластеното лице и неговиот заменик 

Овластено лице за преземање мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам е Љубиша Лазаровски , на работно место управител , а заменик на овластеното лице е Горан Лазаровски.

Овластеното лице е одговорно за спроведување на оваа програма, како и за комуницирање со Управата за финансиско разузнавање на редовна основа.

Овластеното лице и неговиот заменик ги исполнуваат условите предвидени со членот 57 од ЗСППФТ, во однос на поседувањето соодветно образование и искуство, познавање на деловните активности, процеси на работа инеосудуваност.

5. Овластувања и одговорности на овластеното лице и неговиот заменик

Овластеното лице ги има следниве овластувања:

  • врши анализа на ризиците од перење на пари и финансирање натероризам;
  • прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од вработените, анализирање на истите, подготвување на писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно дали истите да се пријават или не во Управата;
  • обезбедување на документација и информации за сите трансакции пријавени во Управата, како и за сите трансакции за кои било одлучено да не се пријават во Управата, вклучувајќи ги и причините за истото;
  • давање препораки за измени, ревидирање и унапредување на Програмата на друштвото, преку оцена на нејзината усогласеност со регулативата;
  • известување на месечна основа до раководството на друштвото со содржина согласно регулативата;
  • советување на органите на управата за мерките кои што треба да се преземат заради почитување на прописите од областа на СППФТ, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнување на прописите, како и во меѓународната регулатива;
  • организирање обука за вработените за СППФТ;
  • изготвување годишен план за обука и
  • одржување редовни контакти со други органи и институции вклучени во процесот на СППФТ.

Заменикот на овластеното лице ги има овластувањата што му се пренесени од страна на овластеното лице.

6. Овластувања и одговорности на вработените во субјектот кои учествуваат во спроведувањето на одредбите на овој закон и подзаконските акти донесени врз негова основа

Вработените во одделот за спречување перење пари и финансирање тероризам, ќе ги вршат следните активности:

  • анализа на ризиците од перење на пари и финансирање на тероризам;
  • идентификување и прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од вработените, анализирање на истите, подготвување на писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно дали истите да се пријават или не во Управата;
  • обезбедување на документација и информации за сите трансакции пријавени во Управата, како и за сите трансакции за кои било одлучено да не се пријават во Управата, вклучувајќи ги и причините за истото и
  • други работи по налог на овластеното лице и неговиот заменик.

7. Заклучоци од спроведената проценка на ризик и начин на управување со ризик од перење пари и финансирање на тероризам;

ГИВЕКО ќе изготви проценка на ризикот од перење парии финансирање тероризам со цел да ги идентификуваат,проценат,разберат и намалат ризиците од перење пари и финансирање тероризам,земајќи ги предвид факторите на ризик кои се однесуваат на:

а) клиентот;

б) државите или географските подрачја;

в) производите,услугите или трансакциите и

г) каналите на дистрибуција.

Проценката на ризикот треба да биде документирана и соодветна на големината на субјектот,видот,опфатот и сложеноста на неговата деловна активност.

ГИВЕКО редовно ќе ја ажурира проценката на ризикот,ќе ја усогласува со националната проценка на ризикот и ќе ја доставува изготвената проценка на ризикот на надлежните органи на надзорот на нивно барање.

ГИВЕКО е должен,пред да направи значителни промени во своите деловни активности и процеси кои можат да влијаат на мерките кои се преземаат со цел спречување на перење пари и финансирање тероризам,како и при воведување на нов производ,услуга,активност или канал на дистрибуција, како и при воведување на нови технологии, да спроведе проценка на ризикот со цел утврдување и проценка на тоа како промените влијаат на изложеноста на ризикот од перење пари и финансирање тероризам и е должен да преземе соодветни мерки за намалување и за ефикасно управување со ризикот.

По спроведената проценка на ризик, се донесуваат заклучоци кои се доставуваат до управата на друштвото. Во заклучоците се предлагаат мерки за унапредување во работата за спречување перење пари и финансирање тероризам.

8. Мерки на анализа на клиентот и прифатливост на клиенти 

Согласно член 12 од ЗСППФТ,ГИВЕКО спроведува процедура за анализа на клиентот во следниве случаи:

  • кога се воспоставува деловен однос со клиентот;
  • кога се извршува трансакција во износ од 15.000 евра или повеќе во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, без оглед дали трансакцијата се извршува како една операција или неколку операции кои се меѓусебно очигледно поврзани;
  • кога се извршува повремена трансакција која претставува пренос на парични средства во вредност поголема од 1.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија;
  • кај игри на среќа во случај на уплата и исплата на добивка, како и при купување или исплаќање на чипови во износ од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, без оглед дали трансакцијата се извршува како една трансакција или неколку трансакции кои се меѓусебно очигледно поврзани и кои вкупно достигнуваат вредност од 1.000 евра или повеќе во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија;
  • кога постои сомневање за вистинитоста или адекватноста на претходно добиените податоци за идентитетот на клиентот или вистинскиот сопственик и
  • кога постои сомневање за перење пари или финансирање на тероризам, без оглед на каков било исклучок или износ на средства.

Процедурата за анализа на клиенти ги вклучува следниве активности:

  • идентификација на клиентот и потврдување на неговиот идентитет со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори;
  • идентификација на ополномоштувачот и потврдување на неговиот идентитет со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори;
  • идентификација на вистинскиот сопственик и преземање на соодветни мерки за потврдување на неговиот идентитет, со користење на документи, податоци и информации од сигурни и независни извори со цел субјектот да е уверен дека знае кој е вистинскиот сопственик;
  • обезбедување на информации за целта и намерата на деловниот однос и
  • постојано следење на деловниот однос и на трансакциите кои се остваруваат во рамки на воспоставениот деловен однос со цел да се осигура дека овие трансакции се конзистентни со профилот на ризик и бизнисот на клиентот, а во случај кога е потребно и утврдување на изворите на средства, при што документите и податоците со кои субјектот располага мора да бидат ажурирани.

 

8.1. Идентификување и потврдување на идентитетот на клиентот

Идентификацијата и потврдувањето на идентитетот на клиентот,ополномоштувачот или вистинскиот сопственик,ГИВЕКО ќе го врши пред да воспостави деловен однос или пред да изврши повремена трансакција, а по исклучок,може да го потврди идентитетот на клиентот,ополномоштувачот или вистинскиот сопственик во текот на воспоставување на деловниот однос, за да не се наруши водењето на деловниот однос и кога постои низок ризик од перење пари и финансирање на тероризам.

Клиенти на ГИВЕКО се правни  и физички лица.

Кога клиентот е правно лице или правен аранжман (труст и друга слична правна форма основана согласно со регулатива на странска држава),се идентификува и неговиот идентитет се потврдува со документ за регистрација во оригинал или копија заверена на нотар, издаден од надлежен орган на државата во која е регистрирано правното лице или акт за основање на правниот аранжман.Документот за регистрација или основање се поднесува во хартиена и/или електронска форма.

Документите за регистрација издадени од надлежен орган на странска држава,треба да бидат преведени на македонски јазик од страна на овластен судски преведувач.Од документот се утврдува називот,правната форма, седиштето,даночниот број или друг регистрациски број на правното лице или правниот аранжман,основачот/ите, повереникот/ците, корисник или група на корисници на трустот, законскиот застапник,органот на управување и лицата ополномоштени за влегување во деловен однос во име на клиентот.Од документите,за целите на идентификација, субјекти задолжително задржуваат копија во хартиена и/или електронска форма при што применуваат технички и организациски мерки согласно со прописите за заштита на личните податоци.

Субјектите може да побараат и други податоци,информации и документи од клиентот и/или сигурни и независни извори за потврдување на идентитетот на клиентот.ГИВЕКО ќе чува копија од приложените документи.

8.2. Идентификување и потврдување на  идентитетот на ополномоштувачот

Субјектите се должни да утврдат дали клиентот дејствува во име и за сметка на трето лице. Доколку трансакцијата се врши во име и за сметка на трето лице, во случаите во кои законот пропишува таква обврска, ГИВЕКО ќе го идентификува и ќе го потврди идентитетот на лицето кое ја врши трансакцијата (ополномоштеник), носителот на правата (ополномоштувачот) и полномошното.

8.3. Идентификување и потврдување на  идентитетот на вистинскиот сопственик

ГИВЕКО ќе изврши идентификација на вистинскиот сопственик врз основа на податоци и информации од сигурни и независни извори,во обем адекватен на извршената проценка на ризикот,со тоа што ќе бидат уверени кој е вистинскиот сопственик.Податоците за вистинскиот сопственик ГИВЕКО ќе ги обезбеди од оригиналната или заверената документација од трговски,судски или друг јавен регистар,која не смее да биде постара од шест месеци, а податоците за вистинскиот сопственик се должни да ги проверат од регистарот на вистински сопственици, пришто,несмеат исклучиво да се потпрат на податоците внесени во регистарот.

Доколку ГИВЕКО неможе да ги добие сите податоци за вистинскиот сопственик на клиентот од трговскиот,судскиот или друг јавен регистар или регистарот на вистински сопственици, потребните податоци ќе ги обезбеди со проверка на оригиналните или заверени документи и деловни евиденции поднесени од страна на законскиот застапник на клиентот или лице овластено од него.Доколку клиентот не подлежи на упис во соодветен регистар, а ГИВЕКО неможе да ги добие потребните податоци за вистинскиот сопственик на наведениот начин,ГИВЕКО податоците ќе ги обезбеди директно со писмена изјава подполна морална и материјална одговорност заверена на нотар на законскиот застапник или лице овластено од него.Доколку при утврдувањето на вистинскиот сопственик,ГИВЕКО се сомнева во веродостојноста на доставените податоци или веродостојноста на документите или другата деловна документација, ќе побара писмена изјава од законскиот застапник подполна морална и материјална одговорност заверена на нотар или од него овластено лице пред да воспостават деловен однос или пред да извршат трансакција.

Во наведените случаи,ГИВЕКО ќе примени една или повеќе мерки за засилена анализа.

8.4. Засилена анализа на клиентот

Во случај кога постои висок ризик од перење пари или финансирање тероризам утврден согласно со членот 10 од ЗСППФТ или врз основа на националната проценка на ризикот од членот 3 од ЗСППФТ или во случај на сомневање за перење пари или финансирање тероризам,ГИВЕКО освен мерките за анализа на клиентот од членот 14 од ЗСППФТ,е должен да преземе една или повеќе од следниве мерки:

  • обезбедување на дополнителни податоци за клиентот,
  • зачестено ажурирање на документите и податоците за клиентот,
  • обезбедување на дополнителни податоци за природата на деловниот однос и трансакциите на клиентот,
  • обезбедување на дополнителни податоци за изворот на средствата и изворот на имот на клиентот,
  • обезбедување на информации за причината на планираните или извршените трансакции,
  • обезбедување одобрение од високото раководство за воспоставување на новили за продолжување на деловен однос,
  • засилено следење на деловниот однос и/или барање првото плаќање да биде извршено преку сметка на клиентот во банка во Република Македонија.

Спроведувањето на мерките на засилена анализа ГИВЕКО ќе ги документира и документацијата ќе ја направи достапна на органите на надзор утврдени во ЗСППФТ.

Кога клиентот,ополномоштеникот или законскиот застапник на клиентот правно лице не е физички присутен за целите на идентификација, субјектот ќе преземе една или повеќе од следните мерки на засилена анализа:

а) идентитетот на клиентот да го утврди со дополнителни документи,податоци или информации;

б)  да преземе дополнителни мерки со кои ги потврдува обезбедените документи или да бара документите да ги потврди финансиска институција од Република Македонија,од земја членка на Европската Унија или од земја во која прописите предвидуваат приближно исти критериуми и стандарди за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,како барањата предвидени со овој закон и

в)  првото плаќање да се изврши преку сметка на клиентот во банка во Република Македонија.

Кога ГИВЕКО врши трансакции или воспоставува деловен однос со клиент-носител на јавна функција ќе ги преземе следниве мерки на засилена анализа:

а)  ќе утврди дали клиент - носител на јавна функција и/или вистинскиот сопственик е носител на јавна функција или да обезбеди негова изјава;

б) ќе обезбеди одобрение од високото раководство за воспоставување деловен однос со клиент - носител на јавна функција и/или вистинскиот сопственик, како и да обезбеди согласност за продолжување на деловниот однос со постоечки клиент - носител на јавна функција и/или вистинскиот сопственик кој станал носител на јавна функција;

в) ќе преземе соодветни мерки за да го утврди изворот на средствата и изворот на имот на клиент - носител на јавна функција и/или вистинскиот сопственик којшто е носител на јавна функција и

г) ќе врши засилено следење на деловниот однос.

Кога клиентот е од високо ризична држава,ГИВЕКО е должен при воспоставување на деловен однос или извршување на трансакција да ги преземе особено следниве мерки:

  • да обезбеди дополнителни податоци за клиентот и/или вистинскиот сопственик, неговата дејност, природата на деловниот однос, целта на најавената или извршената трансакција, изворот на средствата и изворот на имот на клиентот,
  • зачестено да ги ажурира документите и податоците за клиентот и вистинскиот сопственик,
  • да обезбеди одобрение од високото раководство за воспоставување нов деловен однос или продолжување на постоечкиот деловен однос или
  • засилено да го следи деловниот однос и активностите кои се преземаат во рамки на истиот.

 

9. Начин на препознавање невообичаени трансакции и трансакции насомневање за перење пари и финансирање на тероризам 

ГИВЕКО ќе посвети посебно внимание на сите сложени и невообичаено големи трансакции, како и на секоја трансакција која се извршува на невообичаен начин која нема очигледна економска оправданост или правна цел или отстапува од вообичаеното или очекуваното деловно работење на клиентот и во случаите кога во однос на истите сèуште немаат утврдено причини за сомневање за перење пари или финансирање на тероризам. ГИВЕКО ќе посвети посебно внимание на деловните односи и трансакциите со непрофитни организации. За таа цел во рамки на засилената анализа на клиентот,ГИВЕКО ќе ги преземе особено следниве мерки:

1.  прибирање и проверка на дополнителни податоци за:

а) деловната активност на клиентот и

б) природата на деловниот однос со клиентот;

2.  прибирање и проверка податоци за целта на најавената или извршената трансакција;

3.  ажурирање податоци од идентификацијата на клиентот и вистинскиот сопственик и

4.  прибирање и проверка податоци за изворот на средства за трансакцијата.

Резултатите од анализата ГИВЕКО ќе ги чува во писмена форма и ќе ги направи достапни на барање на органите на надзор од членот 146 од ЗСППФТ. Доколку по спроведената анализа ГИВЕКО утврди дека постојат основи за сомневање на перење пари или финансирање тероризам,е долженда достави извештај до Управата согласно со членот 54 од ЗСППФТ.

Препознавањето на сомнителни трансакции и сомневањето за перење на пари и финансирање на тероризам, вработените во ГИВЕКО ги утврдуваат врз основа на:

  • непосредни сознанија,
  • листата на индикатори за препознавање на сомнителни трансакции утврдени од Управата, субјектите и надзорните органи,
  • консолидираната листа која се води согласно со прописите за рестриктивни мерки,
  • проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и
  • други релевантни информации.

ГИВЕКО при утврдувањето на фактот на сомневање за перење на пари и финансирање на тероризам, ќе ги користи следните индикатори:

  • Клиентот се занимава со дејност која вклучува голем број на готовински трансакции;
  • Клиентот често ги менува сметководителите;
  • Клиентот во сметководствената евиденција внесува непостоечки или веќе платени долгови;
  • Потеклото на средствата на клиентот не може да се утврди или е тешко да се утврди;
  • Прикажаните приходи во даночната евиденција не одговараат на готовинската евиденција пријавена од клиентот;
  • Клиентот нема вработени што е невообичаено за неговата дејност;
  • Клиентот има отворено голем број на сметки во различни банки за кои реално не постои потреба со оглед на неговиот обем на работа;
  • Клиентот врши трансакции кои не соодветствуваат со дејноста за која е основано правното лице;
  • Клиентот нуди пари, подароци или други услуги како возврат за извршување на работи кои не се во согласност со законските прописи;
  •  Клиентот го убедува сметководителот дека не е потребно да потполни или приложи некои потребни документи;
  • Клиентот бара во завршната сметка да се искаже загуба иако за тоа не постојат реални оправдани причини;
  • Согласно печатените и електронските медиуми,за клиентот постојат податоци во врска со претходни апсења поради неплаќање на данок, перење пари,трговија содрога или други кривични дела;
  • Даночен службеник повеќе пати врши контрола во канцеларијата на клиентот, и притоа констатира невообичаено или сомнително работење;
  • Клиентот има големи приливи на сметката и дава налог на банката парите да бидат префрлени на сметки на повеќе лица во поголеми заокружени износи;
  • Клиентот врши трансакции за кои не постојат рационални објаснувања или економска оправданост;
  • Поголем број на физички лица помеѓу кои не постои поврзаност уплаќаат средства на сметка на клиентот и истите клиентот веднаш ги повлекува или дава налог на банката за префрлање на средствата на други свои сметки или на сметки на други лица, особено кога ќе се утврди дека за трансакциите нема никакви рационални објаснувања или економска оправданост;
  • Клиентот често пати врши трансакции по основ авансни плаќања или враќање на аванс поради нереализирани комерцијални договори;
  • Клиентот врши готовински уплати по основ „позајмица од основачот” во поголеми износи;
  • Клиентот врши голем број на готовински уплати, а според природата на дејноста која ја обавува таквите трансакции не се својствени;
  • Клиентот повлекува голема сума на пари од сметка на која се префрлени средства по основ на одобрен кредит во странство;
  • Клиентот врши трансакции со физички или правни лица регистрирани во држави кои се познати по трговија со дрога или преку чии територии се врши прометот со наркотици или во кои се воведени и стапени на сила строги закони за доверливи банкарски и деловни податоци;
  • Клиентот исплаќа невообичаени хонорари за советување на компании со седиште во земји познати како даночни раеви;
  • Клиентот избегнува да одговори на прашања во врска со трансакциите, полномошното, идентификацијата и слично, или презентира лажни документи или дава неточни податоци;
  • Клиентот располага со имот и средства од големи размери (луксузни автомобили, апартмани, луксузни куќи и др.) кои не одговараат на приходите кои ги остварува неговата компанија;
  • Клиентот добро ја познава законската регулатива во врска со пријавување на сомнителни трансакции, брзо потврдува дека паричните средства се „чисти”, без причина ја објаснува трансакцијата итн;
  • Клиентот - правно лице поднесува барање за кредит, и покрај фактот што економските и финансиските показатели не укажуваат дека клиентот има потреба од кредит. Потоа средствата од одобрениот кредит се префрлаат на сметки во off–shore банки, или во корист на трети лица или се користат ненаменски;
  • Повеќе правни лица се регистрирани на една иста адреса при тоа сопственик на истите е едно или повеќе фамилијарно поврзани лица;

Врз основа на утврдените наоди, овластеното лице одлучува дали станува збор за сомнителна трансакција односно дали клиентот, трансакцијата или вистинскиот сопственик се поврзани со перење на пари и финансирање на тероризам и дали треба да се пријават до Управата за финансиско разузнавање.

10.  Начин на воспоставување на внатрешен механизам за навремено и адекватно известување

Вработен во ГИВЕКО кој ќе се посомнева дека станува збор за сомнителна трансакција, должен е веднаш да го извести овластеното лице,неговиот заменик доколку овластеното лице не е достапно. Доколку ниту заменикот на овластеното лице не е достапно, се известува лице вработено во одделот за спречување перење пари, кое е должно во најкраток можен рок да го извести овластеното лице или неговиот заменик.

Овластеното лице, односно неговиот заменик е должен веднаш да преземе соодветни мерки за утврдување дали се работи за случај на перење пари и финансирање тероризам и да ги преземе соодветните дејствија.

11.  Начин на чување на податоците и документите

ГИВЕКО копиите од документите со кои го утврдуваат и верификуваат идентитетот на клиентот,ополномоштувачот и вистинскиот сопственик,за спроведените процедури за анализа на клиентот или вистинскиот сопственик и за реализираните трансакции или трансакциите во обид,клиентското досие и деловната кореспонденција, е должен да ги чува десет години во електронска или хартиена форма по извршената трансакција, сметано од последната трансакција, а копиите во електронска или хартиена форма од извршената анализа согласно со членот 38 од ЗСППФТ десет години.ГИВЕКО податоците, ќе ги чува,на начинот на кој ги доставиле до Управата,десет години од денот на доставувањето. По истекот на овој рок,субјектот е должен да ги избрише личните податоци на клиентот.

Во случај на престанок на постоењето на ГИВЕКО,обврската за чување на податоците во определениот рок се пренесува врз правните наследници на субјектот т.е. на неговите основачи доколку нема правни наследници.

ГИВЕКО и неговите вработени,вклучувајќи ги и членовите на органите на управување или други лица на кои на кој било начин им се достапни податоците обезбедени согласно со ЗСППФТ или под законските акти,несмеат да го известат клиентот или трето лице:

  1. дека е во тек или е можна анализа за утврдување на основи на сомневање за перење пари или финансирање на тероризам од страна на Управата;
  2. дека до Управата е доставен или ќе се достави податок, информација или документација за клиентот или трето лице или трансакција;
  3. дека Управата издала налог за следење на деловен однос или писмен налог за привремено задржување на трансакција;
  4. дека против клиентот или трето лице се започнати или е можно започнување на предистражни дејствија, истрага или кривична постапка за перење пари или финансирање на тероризам.

Наведените податоци,информации и документација се класифицирани податоци за кои е утврден соодветен степен на класификација во согласност со прописите за заштита на класифицирани информации. За таа цел, ГИВЕКО ќе преземе технички,кадровски и организациски мерки за заштита на податоците обезбедени согласно со ЗСППФТ со цел нивна заштита од случајно губење,уништување или недозволен пристап,неовластена примена и секаква друга злоупотреба и да утврдат обврска на вработените кои ги обработуваат податоците да потпишат изјава за доверливост.

Забраната за откривање на податоци и информации не се применува,освен доколку Управата не одлучи поинаку,кога:

а)  се разменуваат податоци и информации помеѓу финансиски институции кои се дел од иста група под услов да ги спроведуваат прописите кои произлегуваат од важечките меѓународни прописи и стандарди за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

б) се разменуваат податоци и информации помеѓу субјектите од членот 5 точка 2 од ЗСППФТ од држави во кои се пропишани исти одредби за откривање и спречување на перење пари како одредбите од овој закон, а кои својата професионална дејност ја извршуваат како дел од исто правно лице или како дел од поголема сопственичка или управувачка структура кон која припаѓа правното лице.

Забраната за откривање на податоци и информации не се применува за податоци и информации кои се однесуваат на ист клиент или иста трансакција каде учествуваат два или повеќе субјекти под услов да ги спроведуваат мерките за спречување на перење пари и финансирање тероризам,извршуваат ист вид на дејност и подлежат на обврските за заштита на деловна тајна и заштита на лични податоци.

 

12. Начин на доставување извештаи до Управата

ГИВЕКО собраните податоци,информаци и идокументи,ќе ги достави до Управата во случај на готовинска трансакција во износ од 15.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија или повеќе без оглед дали станува збор за една трансакција или повеќе очигледно поврзани трансакции. Собраните податоци,информации и документи за извршените трансакции ГИВЕКО  ќе ги достави до Управата нај доцна во рок од три работни дена од извршената трансакција во форма на извештај.

ГИВЕКО собраните податоци,информации и документи,ќе ги достави до Управата кога се сомнева или има основи за сомневање дека:

  • било или е извршено перење пари и/или финансирање на тероризам или е направен обид или се прави обид за перење пари и/или за финансирање на тероризам, без оглед на износот на трансакцијата,
  • имотот е принос од казниво дело и
  • имотот е поврзан со финансирање на терористички акт, терористичка организација или терорист или лице кое финансира тероризам.

За сомневањата,(назив на субјектот) е должен веднаш да ја извести Управата и да ја задржи трансакцијата:

  • најдолго до 2 часа од известувањето на Управата, кога основите на сомневање ги сознал пред извршување на трансакцијата и
  • најдолго до 4 часа од известувањето на Управата, кога основите на сомневање ги сознал во текот на извршување на трансакцијата.

ГИВЕКО е должен да достави точни податоци,информации и документи до Управата во форма на извештај најдоцна во рок од 24 часа од кога ги сознал основите на сомневање. За доставениот извештај во писмена форма ГИВЕКО го известува надлежниот орган за надзор од членот 146 од ЗСППФТ во рок од три работни дена од доставувањето на извештајот.ГИВЕКО е должен извештаите до Управата да ги доставува по заштитен електронски пат,доколку ваквиот начин на доставување е оневозможен од технички причини,извештаите ќе ги доставува во писмена форма.Известувањата дадени на Управата по телефон треба да бидат потврдени најдоцна во рок од 24 часа.

13.  План за постојана обука на вработените од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам која обезбедува реализација на најмалку две обуки во текот на годината  

ГИВЕКО ќе подготви план за обуки за сите вработените во кој ќе биде земена предвид и обуката за спречување на перење пари и ќе води евиденција за спроведените обуки.

Планот за обука го изготвува (се наведува лицето- на која функција, во кој организационен дел).

Со обуките ќе бидат опфатени вработените во ГИВЕКО кои извршуваат активности (се наведуваат кои активности), како и новите вработени на соодветните позиции задолжително веднаш по нивното вработување.

Содржината и времетраењето, како и начинот на реализацијата на обуката, ќе бидат детално наведени во Годишниот план за обука.

Планот за обука на вработените редовно ќе се ажурира за да ги опфати сите внатрешни и надворешни промени (деловна стратегија, прописи и сл.), како и за да ги вклучи сите засегнати ново вработени во ГИВЕКО.

Во секој случај планот за обука предвидува најмалку две обуки во тековната година навработените, а врз основа на проценка на овластеното лице, се дефинираат таргетни групи и тематиката на обуките.   

Вообичаениот материјал за обука која ќе се спроведува во ГИВЕКО треба да биде подготвена во форма на публикација, а исто така може да вклучи и визуелна презентација. Доколку е потребно, обуката може да вклучи и повремено тестирање на лицата на кои е извршена обука преку пополнување на тест со кратки прашања, зависно од предметот на работење на организациониот дел на кој му припаѓа работникот кој се тестира.

14. Процедура и план на вршење на внатрешна контрола на спроведување на мерките и дејствијата адекватни на големината и видот на субјектот.

ГИВЕКО ќе врши внатрешна контрола над спроведувањето на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам по потреба, а најмалку еднаш годишно.

За спроведената внатрешна контрола се подготвува извештај во кој се внесуваат констатации:

  • дали се спроведуваат или не пропишаните мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам;
  • кои мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам се преземени и
  • препораки за преземање одредени дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам .

Кон извештајот се приложува и документација за констатираните наоди од спроведената контрола.

Со влегување во сила на оваа Програма престанува да важи Програмата за спречување перење пари и финансирање на тероризам донесена на ден 01.12.2014 година, согласно Законот заспречување на перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на РепубликаМакедонија“ број 130/14, 192/15, 27/16 и 83/18).

Програмата влегува во сила со денот на нејзино донесување.

 

 

 

ГИВЕКО дооел

Датум: 30.10.2018 год.

Потпис

                                                                                                                МП