Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Заради точно прецизирање и раздвојување на обврските на финансовиот и сметководствениот сектор од фирмата, во продолжение ги даваме објаснувањата за тоа какви се работните задачи на секој дел посебно.

ВОВЕД

Одговорното лице за финансии е најчесто првиот контакт на менаџерот за сите прашања поврзани со финасиското и материјалното работење на друштвото. Одговорното лице за сметководство е крајниот изготвувач на сите потребни извештаи и документи за работењето на друштвото.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА ФИНАНСИИ 

ИЗЛЕЗНИ И ВЛЕЗНИ ФАКТУРИ

1. Изготвување на излезни фактури, нивна евиденција и наплата

2. Прием на влезни фактури, нивна евиденција, навремено изготвување на вирмани за плаќање и достава до банки за нивно извршување

3. Проверка на математичка исправност на излезни и влезни фактури

4. Проверка на исправноста на влезните фактури од аспект на Законот за ДДВ, а ако на влезните фактури има ДДВ, проверка дали добавувачот е ДДВ обврзник

5. Поврзување на влезните фактури со приемница на добра и услуги

6. Изготвување на испратници за добра и услуги и нивно поврзување со излезни фактури

7. Изготвување и употреба на шифрарник по видови на добра и услуги, како и шифрирање на работењето по профитни центри

8. Прием на влезни фактури од странски добавувачи, нивна евиденција,спроведување на постапка за девизно плаќање

9. Регистрација на странски добавувач за задржување на данок

10. Постапка за повраток на ДДВ од странски донатори

11. Водење на евиденција за роковите на стасување за наплата и плаќање на побарувањата и обврските

12. Водење на евиденција за роковите на стасување на авансните излезни и влезни фактури и нивно оформување во конечни

13. Изготвување на извештаи до Народна банка на РМ

14. Архива на документација за склучени деловни договори

15. Изготвување на документи за порамнување на побарувања и обврски

16. Пресметка и плаќање на персонален данок во сите случаи кога за тоа постои основ за пресметување

БЛАГАЈНА - ДЕНАРСКА,ДЕВИЗНА,КАРТИЧКИ ЗА ГОРИВО

1. Прием и исплата на готовина и картички за гориво од благајна

2. Изготвување на дневен благајнички извештај

3. Водење на евиденција за дадени и вратени аванси по вработени

4. Изготвување на патни налози за службени патувања во земјата и странство и по основ на користење на сопствено возило за службени цели

5. Пресметка и плаќање на персонален данок кога за тоа има основ при вршењето исплата од благајната

6. Водење на евиденција по вработени по сите основи за исплата од благајната

7. Комплетирање на благајната за картички за гориво со фискални сметки за нивно искористување

БАНКАРСКИ СМЕТКИ - ДЕНАРСКИ, ДЕВИЗНИ, КАРТИЦИ

1. Подигање на изводи од банкарските сметки

2. Комплетирање на изводите со вирманите за извршените исплати и проверка дали сите поднесени вирмани за плаќање се исправно спроведени од страна на банките

3. Чување на документацијата за отворените банкарски сметки, вклучително и потписните картони

4. Комплетирање на банкарските сметки за картици со документите по основ на кои е извршено плаќањето

ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ

1. Пресметка на плата

2. Евиденција за пресметка на плата по вработен

3. Пресметка и евиденција на исплатени надоместоци по вработен, со пресметка и плаќање на персонален данок, доколку постои основ за пресметување

4. Пресметување и исплата на дивиденда и персонален данок

5. Подигање и распределба на здравствени картони

6. Изготвување и доставување на пропишани обрасци до надлежни институции

7. Архива на документација за вработени

КРЕДИТНО РАБОТЕЊЕ

1. Архива на склучени договори за кредит

2. Водење на евиденција за обврските по основ на кредити и нивна доспеаност

3. Навремено изготвување на вирмани за плаќање на обврските по основ на рати и камати од кредит

ДЕЛОВЕН ИМОТ

1. Архива за деловен простор и имот

  • договор за купопродажба
  • документација ( договори, ситуации, градежни книги, фактури ) за извршени градежни работи за доградување и поправки на деловниот простор
  • имотни листови
  • полиси за осигурување
  • евиденција на корисници на деловен простор

2. Архива за службени возила

  • договори и фактури за купопродажба на возила
  • договори и фактури за наемнина на возила
  • полиси за осигурување
  • фактури за поправки и други набавки за возилата
  • годишна регистрација, каско, зелен картон, одржување
  • евиденција на корисници на возила

3. Компјутерска опрема

  • персонални компјутери
  • сервери
  • лаптоп компјутери
  • принтери
  • телефони
  • друга опрема
  • полиси за осигурување
  • евиденција на корисници на компјутерска опрема

4. Мебел

  • работни маси и бироа
  • работни столици и фотељи
  • друг мебел
  • полиси за осигурување
  • евиденција на корисници на мебел

5. Вложувања

  • хартии од вредност
  • оснивачки удели во фирми

ОСТАНАТИ РАБОТИ

1. Архива на документацијата за основање и сите измени

2. Постапки за добивање на документација за

  • тендери
  • бонитет, јавни давачки, стечај и друго

3. Организација и спроведување на попис

4. Евиденција на корисници на мобилни телефони

5. Евиденција на корисници на интернет линии

КОНТАКТ ЛИСТА

1. УЈП, Министерства, Централен регистар, Судови

2. Банки

3. Осигурување

4. Адвокат

5. Сметководство

РАБОТНИ ЗАДАЧИ НА СМЕТКОВОДСТВО

1. Контирање и книжење на финансиска и материјална документација на синтетички и аналитички сметки

  • проверка на веродостојноста на документацијата

2. Пресметка на ДДВ и пополнување на пропишан образец

  • одговорно и точно пресметување на излезно и влезно ДДВ

3. Соработка околу организација и вршење на попис

4. Пресметка на месечна обврска за данок на добивка со изготвување на образец и вирман за плаќање

5. Работење со евентуални инспекција и ревизија

6. Составување на извештаи за потребите на Државниот Завод за статистика

7. Изготвување на годишна сметка

8. Изготвување на консолидирана годишна сметка

9. Изготвување на месечни извештаи за работењето

10. Аналитичка евиденција на работењето по профитни центри

11. Пресметка на амортизација на основните средства