Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во Македонија

Данок на добивка

Даночен обврзник – член 4-6 од законот

Даночен обврзник е :

1. Правно лице кое е основано или има седиште во Македонија и остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство.

2. Постојана деловна единица на странско лице за добивката од вршење на дејност во Македонија.

Што се смета за постојана деловна единица на странско лице:

- Постојано место на активност преку кое или во кое се врши дејност, целосно или делумно, директно или преку зависен агент и вклучува: место на управување, подружница, филијала, канцеларија, фабрика, работилница, рудник, извори на нафта и гас, каменолом и други места на користење на природните ресурси.

- Градежен локалитет, проект за изградба, монтажа, инсталација, супервизорски активности и услуги во врска со нив, се сметаат за постојана деловна единица ако активностите, вклучително и подготвителните работи траат подолго од 6 месеци.

- Вршење на услуги, вклучително и консалтинг услуги, во врска со еден или поврзан со него проект, се сметаат за постојана деловна единица ако траат подолго од 90 дена континуирано, при што прекините до 7 дена не го прекинуваат континуитетот.

- Лице кое делува во Македонија се смета за постојана деловна единица ако истото е овластено да склучува договори или редовно одржува залихи на добра и ги испорачува во име на странското правно лице.

Не се смета за постојана деловна единица на странско лице:

- Користење на објект за складирање и изложување на добра.

- Одржување на залиха на добра само за складирање и изложување.

- Одржување на залиха на добра само за цели на преработка на друго лице.

- Продажба на добра кои биле изложени на саем или изложба, ако се продадат не подолго од 1 месец од нивното завршување.

- Одржување на место за цели на купување на добра или собирање на информации.

- Одржување на место за цели од подготвителна или помошна природа.

- Одржување на место за цели во комбинација од претходно споменатите.

- Вршење на дејност преку брокер, општ агент или било кој друг агент, под услов активноста да е редовна дејност на агентот.

- Ако странското правно лице контролира или е контролирано од страна на домашно правно лице.

3. Здруженијата на граѓани, фондациите, сојузите, како и секој организационен облик на странска организација, како и друга форма на здружување , регистрирани согласно со Законот за здруженија и фондации, кои остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување.

Овие организации не се обврзници за данок на добивка за остварените неоданочиви приходи.

Како неоданочиви приходи за организациите се сметаат: -приходи од членарини,-доброволни прилози,-донации,-грантови,-подароци (во пари,  добра, имотни права),-завештанија,-легати,  -приходи од дивиденди од трговските друштва основани со средства на здружението, и -приходи од Буџетот на Републиката, буџетите на единиците на локалната самоуправа и Буџетот на град Скопје врз основа на претходно изготвени програми (проекти) одобрени од Владата на Република Македонија, односно надлежните министерства, советите на единиците на локалната самоуправа и Советот на град Скопје.

Организациите кои остваруваат приходи од вршење стопанска дејност во рамките на нивното непрофитно делување, заради избегнување нелојална конкуренција со субјектите на кои добивката остварена од вршење стопанска дејност им се оданочува, стануваат обврзници за пресметување и плаќање данок на вкупен приход, доколку вкупниот годишен приход од стопанската дејност е поголем од 1.000.000 денари. Данокот на вкупен приход за организациите се пресметува и плаќа во висина од 1% од износот на остварените вкупни приходи од стопанска дејност во календарската година, на износот кој надминува 1.000.000 денари.