Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Покривање на загуба – член 19

 

Доколку даночниот обврзник оствари загуба искажана во Билансот на успех истата намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата.

 

Намалувањето во даночниот биланс се врши само доколку претходно се извршило покривање на загубата согласно со Законот за трговските друштва.

 

Намалувањето во даночниот биланс се врши последователно почнувајќи од износот на најрано настанатите даночни загуби.

 

Ова право не може да се користи во случај на измена на статусот на даночниот обврзник врз основа на спојување, припојување, поделба, сопственичка трансформација и слично.

 

Обврзникот кој искажува загуба, ова право го остварува со одобрение од Управата за јавни приходи, по негово барање кое се поднесува најдоцна до 31 март наредната година, по годината во која загубата е искажана.

 

Управата за јавни приходи е должна да издаде одобрение по барањето во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.