Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Дивиденда 2009-2013

 

Даночните обврзници кои ќе вршат исплати на акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година за дивиденди и други распределби од добивката по стапувањето во сила на овој закон имаат обврска да пресметаат и платат данок на добивка.

 

Пресметувањето и плаќањето на данокот се врши на образецот „ДД-ИД“.

 

Даночните обврзници кои биле ослободени од обврската за плаќање данок на нераспределена добивка, а кои ќе вршат покривање на загубите од акумулираните добивки остварени во периодот од 2009 до 2013 година имаат обврска да пресметаат и платат данок на добивка. Пресметувањето и плаќањето на данокот се врши на образецот „ДД-ПЗ“. Формата и содржината на образецот ги пропишува министерот за финансии