Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Намалување на даночната основа – член 17,18

 

Даночната основа се намалува за износот на наплатените побарувања и вратените парични средства кои по својата економска суштина се заеми, кои во претходни даночни периоди имале третман на непризнаен расход.

 

Намалувањето на даночната основа се врши соодветно за износот на наплатените побарувања до висината на искажаниот приход, за кои во претходните даночни периоди било извршено зголемување на даночната основа, соодветно на оданочениот износ.

 

Даночната основа се намалува за износот на приходите од дивиденди остварени со учество во капиталот на друг обврзник - резидент на Република Македонија, под услов да се оданочени кај обврзникот кој врши исплата на дивиденда.