Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Поедноставен даночен режим за трговски друштва – член 31-36

 

Трговските друштва класифицирани како мали и микро трговци можат да се определат да плаќаат годишен данок на вкупен приход. Ова не се однесува на правни лица кои извршуваат банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игри на среќа и забавни игри.

 

Трговските друштва се ослободени од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход, под услов вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор, да не го надминува износот од 3.000.000. денари на годишно ниво.

 

Трговските друштва можат да се определат за плаќање на годишен данок на вкупен приход, под услов вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор, да изнесува од 3.000.001. до 6.000.000. денари на годишно ниво. Избраниот модел не може да се менува во наредните 3 години, вклучувајќи ја и годината за која се плаќа данок, доколку во наредните 3 години остваруваат вкупен приход од 3.000.001. до 6.000.000. денари на годишно ниво.

 

Данокот изнесува 1%, а даночна основа е вкупниот приход по сите основи остварен во годината.

 

Управата за јавни приходи води регистар на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход, врз основа на податоците од искажаниот вкупен приход во Билансот на успех од годишните сметки. До Управата се доставува образец ДБ-ВП.

 

Бришење од регистарот се врши ако:


- Вкупниот приход го надмине предвидениот износ.


- При прегледот на годишните сметки и работните книги, Управата за јавни приходи утврди дека не се исполнети предвидените услови.


- Управата за јавни приходи утврди дека се работи за поврзани лица кои остваруваат значаен меѓусебен промет, по цени кои се различни од цените на работење со неповрзани субјекти, со цел да се постигне намалено плаќање на данок на добивка.


- Управата за јавни приходи утврди дека трговското друштво презема обврски и искажува расходи поврзани со работењето на со него поврзаното лице.

 

При тоа, обврзникот плаќа данок на добивка, а платениот данок на вкупен приход се смета за аконтација.