Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Поврзани лица – член 16

 

Две лица се сметаат за поврзани кога:

 

1.Едното од нив стекнало, непосредно или преку друг субјект, удел или акции кои во основната главнина на другото лице се претставени со најмалку 20% или кога му припаѓаат најмалку 20% од сите гласови на собирот на содружниците, односно на собранието;

 

2.Кое било трето лице, непосредно или преку друг субјект, стекнало удел или акции кои во основната главнина во секое од поврзаните лица се претставени со најмалку 20%, или кога на лицето му припаѓаат најмалку 20% од сите гласови на собирот на содружниците, односно на собранието, на секое од поврзаните лица;

 

3.Еден или повеќе извршни или неизвршни директори или членови на управниот или надзорниот одбор на едното лице, се извршни или неизвршни директори или членови на управниот или надзорниот одбор во другото лице;

 

4.Заем доделен или гарантиран од едното лице сочинува повеќе од 20% од книговодствената вредност на вкупните средства на другото лице;

 

5.Едното лице, непосредно или преку друг субјект, добива најмалку 20% од добивката на другото лице, како резултат на договор за деловна соработка помеѓу двете лица;

 

6.Едното лице е постојана деловна единица на друго лице;

 

7.Едното лице врши деловни и финансиски трансакции со друго лице кое е резидент на држава во која стапката на данок на добивка е 25% пониска од стапката на данок на добивка во Република Македонија.

 

Акциите или гласачките права на физичко лице се сметаат заедно со истите на брачниот другар, роднините по права линија, браќата, сестрите, хранителите и посвоителите.“.