Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Даночни ослободувања – член 28-30а

 

Реинвестирана добивка

 

Даночната основа се намалува за износот на реинвестирана добивка ( извршени вложувања од добивката од претходната година). Ова се однесува за документирано докажани вложувања во недвижности, постројки, опрема, компјутерски софтвер и патенти, со цел развој и проширување на дејноста на даночниот обврзник. Ако средствата се продадат пред истекот на 5 години, хоп, ќе се плати данок. Реинвестирана добивка не е вложување во патнички автомобили, мебел, теписи, аудио визуелни средства, бела техника, уметнички дела и други вложувања за административни цели.

 

ТИРЗ

 

Корисник на технолошка индустриска развојна зона користи даночно ослободување согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони.

 

Каса фискале

 

На обврзник кој е должен да воведе и користи каса фискале, му се намалува пресметаниот данок на добивка за набавени до 10 фискални апарати. Ако ова право не се искористи во тековната година, може да се пренесе во наредниот период. Правото се остварува со поднесено писмено барање до Управата за јавни приходи до 20 јануари наредната година по годината за која барањето се однесува.

 

Спорт

 

На обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти, кои се уплатени на посебна наменска сметка, му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

 

Спортски субјекти претставуваат националните спортски федерации, спортските клубови, други правни лица кои имаат решение за вршење дејност спорт, како и активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови кои таквиот статус го стекнале според услови и критериуми пропишани во Законот за спортот.

 

Правото обврзникот го остварува врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, согласно со Законот за спортот.

 

За користење на правото даночниот обврзник доставува до Управата за јавни приходи барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти.

 

Управата за јавни приходи во рок од 15 дена го потврдува или одбива барањето.

 

Даночниот обврзник, во рок од 15 дена по потврденото барање, до Управата за јавни приходи доставува известување за извршена донација.

 

По доставување на известувањето, даночниот обврзник може да го користи правото.

 

Користењето на правото за намалување на пресметаниот данок на добивка согласно одредбите на овој член, го исклучува правото на даночно поттикнување кај данокот на добивка согласно со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

 

Доколку на даночниот обврзник или на лице поврзано со него, му бидат вратени донираните финансиски средства од страна на спортските субјекти, директно или преку набавка на стоки и услуги, обврзникот го должи данокот кој би го платил доколку не го користел ослободувањето од овој член.

 

Даночниот обврзник кој го користи даночното ослободување може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт.

 

Начинот на спроведување на даночното ослободување го пропишува министерот за финансии.

 

Износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување изнесува 6 милиони евра годишно.“.