Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Преобразба, ликвидација и статусни измени – член 25-27

 

При вршење на преобразба без промена на сметководствената вредност и обврските, не се врши оданочување. Ако со преобразбата заради извршена процена на имотот и обврските по фер вредност, се изврши зголемување на основната главнина, ова зголемување подлежи на оданочување.

 

При ликвидација на даночен обврзник, добивката или загубата се утврдува во периодот на ликвидација која е продолжение на последниот даночен период пред заклучувањето на постапката на ликвидација и пред распределбата на ликвидациониот остаток.

 

При настанување на статусни промени (поделба,спојување,присоединување), до Управата за јавни приходи се доставуваат годишна сметка и даночна пријава до датумот на промената и почетен биланс на состојба. Доколку новото друштво продолжи со вршење на истата дејност се смета дека постои даночен континуитет и не се врши оданочување. Оданочување ќе се изврши само ако при промената дојде до зголемување на основната главнина заради извршена процена на имотот и обврските по фер вредност.