Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Утврдување и наплата – член 38-42

 

Даночен период

 

Даночен период за кој се утврдува данок на добивка е една календарска година, а ако обврзникот работел пократко од тоа, за даночен период ќе се смета периодот од годината за која работел.

 

ДБ

 

Пресметувањето и плаќањето на данокот на добивка се утврдува врз основа на образец ДБ – даночен биланс за оданочување на добивка, што се доставува до Управата за јавни приходи до 28 февруари од годината што следи по годината за која се врши оданочување.

 

ДД-ДО

 

При престанување на условите за даночно ослободување за реинвестирана добивка и донации во спорт, данокот на добивка се утврдува и плаќа врз основа на образец „ДД-ДО“, кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување. Формата и содржината на образецот го пропишува министерот за финансии.

 

ДБ-ВП

 

Пресметувањето и плаќањето на годишниот данок на вкупен приход се утврдува врз основа на образец ДБ-ВП, што се доставува до Управата за јавни приходи до 28 февруари од годината што следи по годината за која се врши оданочување, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот.

 

ДБ-НП/ВП

 

Непрофитните организации се должни утврдувањето на данокот на вкупен приход да го вршат врз основа на даночен биланс на непрофитни организации – образец „ДБ-НП/ВП“ кој се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за сметководството за непрофитните организации, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот. Формата и содржината на образецот го пропишува министерот за финансии.

 

Месечни аконтации

 

Месечните аконтации на данокот на добивка се утврдуваат во износ од 1/12 од пресметаниот данок за претходната година, зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало, објавени од ДЗС, а се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој месец.

 

Даночните обврзници кои донирале средства во спорт имаат право на намалување на месечните аконтации во висина од дадената донација, но најмногу до 50% од износот на месечните аконтации на данокот на добивка.

 

Обврската за плаќање на месечни аконтации не се однесува на непрофитните организации и трговските друштва кои плаќаат данок на вкупен приход.

 

Доплата на данок

 

Разликата меѓу пресметаната обврска на данокот на добивка и платените аконтации, утврдена со даночниот биланс при изготвувањето на годишната сметка, се плаќа најдоцна до 30 март.

 

Враќање на данок

 

Ако обврзникот платил повеќе данок во вид на аконтации, може да поднесе барање за враќање на повеќе платениот износ до Управата за јавни приходи, која што е должна да донесе решение за враќање на данокот во рок од 60 дена од денот на поднесеното барање. Ако не се бара враќање, повеќе платениот износ се смета за аконтација за наредниот период.

 

Контрола

 

Управата за јавни приходи врши контрола на начинот на пресметувањето, уплатувањето и враќањето на данокот на добивка.