Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на добивка

 

Задржување на данок на приход платен на странски правни лица – член 20-24

 

 Задржување на данок и негова уплата на соодветна сметка се врши истовремено со исплатата на приходот на странското правно лице, освен ако поинаку не е регулирано со Меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување. Вака задржаниот данок е конечно намирена даночна обврска за тој приход.

 

Задржување на данок на приход платен на странско правно лице вршат:


- Домашно правно лице.


- Домашно физичко лице регистрирано за вршење дејност.


- Странско правно или физичко лице – нерезидент со постојана деловна единица во РМ.

 

Задржување на данок се врши на следниве приходи, без оглед дали се исплатени во РМ или во странство:


- Приход од дивиденди.


- Приход од камата од резидент кој има постојана деловна единица ако е трошок на истата.


- Приход од авторски хонорар од резидент и од постојана деловна единица ако е трошок на истата.


- Приход од забавни или спортски активности кои се вршат во РМ.


- Приход од менаџмент, консалтинг, финансиски услуги и услуги на истражување и развој, исплатен од резидент и од постојана деловна единица ако е трошок на истата.


- Приход од осигурителни премии за осигурување или реосигурување од ризици во РМ.


- Приход од телекомуникациски услуги помеѓу РМ и странска држава.


- Приход од закуп на недвижности во РМ.

 

Данок не се задржува на следниве приходи:


- Трансфер на дел од добивката на постојана деловна единица на која претходно е платен данок на добивка


- Приход од камата од должнички инструменти издадени и/или гарантирани од Влада на РМ, Народна банка на РМ, банки или други финансиски институции кои делуваат како претставник на Владата на РМ.


- Приход од камата од депозити во банка лоцирана во РМ.


- Приход остварен од посредување или консалтинг со државни хартии од вредност на меѓународен финансиски пазар.

 

Даночната стапка изнесува 10%, а се пресметува на бруто приходот.

 

Ако примателот на приход е резидент на странска држава која со РМ има договор за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноците на доход и капитал, се применува даночната стапка предвидена со договорот.

 

Даночно ослободување или примена на пониска стапка предвидена со договорот се применува на приход за кој исплатителот располага со пропишан образец заверен од надлежен даночен орган на странската држава и од Управата за јавни приходи, или одобрение за даночно ослободување издадено од Управата за јавни приходи.

 

Исплатителот на приход за кој е задржан данок, должен е до 15-ти февруари наредната година, по годината во која постоела обврска за задржување на данокот, да достави до Управата за јавни приходи извештај на образец ДД-И. Управата за јавни приходи за задржаниот данок на странското правно лице го известува надлежниот даночен орган на странската држава врз основа на писмено барање.