Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Јубилејна награда

Јубилејна награда се исплатува во висина од просечната месечна плата по работник во Република Македонија во претходните три месеци за најмалку 10 години работа кај ист работодавач.
Јубилејната награда подлежи на оданочување со персонален данок на доход
од 10%.
Како даночно признат расход за цели на данокот на добивка се признаваат исплатените надоместоци за јубилејни награди за најмалку 10 години работа кај ист работодавач, во висина на просечната месечна плата по работник во Република Македонија, исплатена во последните три месеци и објавена од Државниот завод за статистика.