Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Надомест за одвоен живот

Надомест за одвоен живот од семејството, се определува во висина утврдена со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од просечната месечна нето плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.
Согласно Законот за персоналниот данок на доход и Законот за данок на добивка, исплатениот надомест за одвоен живот во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор на стопанството, односно нестопанството, претставува и неоданочив износ со персоналниот данок на доход и даночно признат расход за цели на данокот на добивка.