Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Траење на годишен одмор

 

Работникот има право на годишен одмор во текот на една календарска година во траење од најмалку 20 до 26 работни дена.

Траењето на годишниот одмор на работникот се определува врз основа на:

1. времето поминато во работен однос;

2. сложеноста на работите на работното место;

3. условите за работа;

4. здравствената состојба на работникот;

5. работник помлад од 18 години.

Доколку работникот го надминува максимумот по основ на критериумите

има право на годишен одмор само до 26 работни дена.

Должината на годишниот одмор, стекната по точките 4 и 5 , може да изнесува и повеќе од 26 работни дена.