Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Надоместок за смрт

Надоместок во случај на смрт на работникот се исплатува во висина од три просечни месечни плати во Републиката исплатени во претходните три месеци.
Вака исплатениот надоместок не се оданочува со персоналниот данок на доход. Како даночно признат расход за цели на данокот на добивка се признаваат исплатените надоместоци за помош во случај на смрт на вработениот до пропишаниот износ со Општиот колективен договор за стопанство во Република Македонија и прописите за органите на државната управа.

Надоместок во случај на смрт на член на семејство на работникот кои живеат во иста семејна заедница, се исплатува во висина на две просечни месечни плати во Републиката исплатена во претходните три месеци.
Вака исплатениот надоместок не се оданочува со персоналниот данок на доход. Како даночно признат расход за цели на данокот на добивка се признаваат исплатените надоместоци за помош во случај на смрт на член на семејството на работникот кои живеат во иста семејна заедница до пропишаниот износ со Општиот колективен договор за стопанството во Република Македонија и прописите за органите на држаната управа.