Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Користење на сопствено возило за службени патувања 

Лицата кои се упатуваат на службено патување со користење на сопствено возило, имаат право на надомест во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи возилото за секој изминат километар. Ова право е регулирано со член 113 од Законот за работни односи и член 35 став 1 алинеја 6 од Општиот колективен договор за стопанството.

Согласно Законот за персонален данок на доход, исплатениот надомест по овој основ во висина поголема од 3.500. денари месечно, подлежи на оданочување со персонален данок.

Согласно Законот за данок на добивка, 70% од исплатениот надомест подлежи на оданочување со данок на добивка.

Исплатата на надоместот за користење на сопствено возило за службени патувања мора да биде документирано докажан:

  • да се донесе одлука за користење на сопствено возило за службени патувања во која ќе се наведе видот и регистарскиот број на возилото и неговиот корисник
  • патен налог ( наш предлог во делот на консултантски услуги )
  • приложени патарини
  • документ за сместување и ноќевање
  • било каков документ како доказ за пристигање во дестинацијата наведена во патниот налог ( во пракса сме имале и таков совет дека соодветен документ би бил и купена кутија кибрит, а сега ваљда може и упаљач, нормално со фискална сметка )

Согласно Законот за данок на добивка, за да бидат признати, сите трошоци мора да се поврзани со вршењето на дејноста на фирмата, да се непосреден услов за извршување на дејноста и да се последица од вршењето на дејноста.

Сите овие одредби се однесуваат за лица вработени во фирмата. Доколку на службено патување се упати лице кое не е вработено во фирмата, на износот на вкупно направените и исплатени трошоци се пресметува персонален данок, а исто така, овие трошоци подлежат на оданочување со данок на добивка.