Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

 

ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК



Член 32



Даночен должник е:



1. Даночниот обврзник во случаите од член 2 точка 1 на овој закон.



2. Лице кое увезува добра во случаите од член 2 точка 2 на овој закон.



3. Лице кое издава фактура од член 55 ставови 1 и 2 на овој закон.



4.Примателот на доброто или корисникот на услугата, доколку истиот е даночен обврзник или институција во смисла на член 10 став 1 од овој закон, во случај на промет, извршен од страна на даночен обврзник, кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија. Во тие случаи, обврската за пресметување на данокот (член 40), за поднесување даночна пријава (член 41), за плаќање на данокот (член 43) и за плаќање камата во случај на задоцнето плаќање на данокот (член 44) паѓа на товар на даночниот должник.



Член 32-а



(1) По исклучок од членот 32 точка 1 од овој закон, даночен должник е даночниот обврзник од членот 51 ставови (1) и (4) од овој закон кон кого од страна на друг даночен обврзник од членот 51 ставови (1) и (4) од овој закон, се извршени следниве промети на добра и услуги:



1. градење, вклучувајќи одржување, реконструкција и отстранување на градби или нивни делови, кога примател на прометот е инвеститорот, а вршителот на прометот е изведувачот на работите и во случај кога примател на прометот е изведувачот, а вршител на прометот е подизведувачот на работите, согласно со законот со кој се уредува градењето ;



2. прометот со употребен материјал и употребен материјал кој не може повторно да се користи во иста состојба, отпад, индустриски и неиндустриски отпадни материјали, отпаден материјал кој може да се рециклира, делумно преработен отпад и



3. пренос на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, кога доверителот се стекнува со доброто.


(2) Владата на Република Македонија поблиску ги определува добрата и услугите од ставот (1) точки 1) и 2) на овој член.



(3) Даночниот обврзник кон кого се врши промет е даночен должник и во случај на плаќање кое го врши однапред (аванс), пред да биде извршен прометот на добрата и услугите од ставот (1) точки 1) и 2) на овој член.