Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Даночна основа за промет во земјата Македонија – член 16-20


Даночна основа и надоместок


Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност.

Под надоместок се подразбираат пари, добра, услуги и други бенефиции според пазарната цена која ја плаќа или треба да ја плати примателот на доброто, или корисникот на услугата или некое друго лице.



Даночната основа ги опфаќа:


1. Даноците, вклучувајќи ги акцизите, таксите, придонесите и другите давачки пропишани со посебни закони, освен данокот на додадена вредност;

2. Зависните трошоци за пакување, натовар, истовар, превоз и осигурување, како и провизиите и другите трошоци кои даночниот обврзник му ги пресметал на примателот на доброто или на корисникот на услугата и

3. Субвенциите кои се директно поврзани со цената на прометот на доброто или услугата.



Даночната основа не ги опфаќа:


1. Намалувањето на цената во форма на дисконт за авансни плаќања;

2. Ценовниот дисконт, рабатот и другите видови на намалување на цената одобрени на примателот на доброто или на корисникот на услугата во време на извршувањето на прометот, ако тие се посебно искажани во фактурата и евидентирани во книговодството и

3. Износот што го добива даночниот обврзник од примателот на доброто или од корисникот на услугата како плаќање за трошоците што ги направил во нивно име и за нивна сметка, ако тој износ е евидентиран во книговодството.

 

Посебни видови даночна основа



1. Набавната цена или, доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот на:

А) Земањето на добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност;

Б) Прометот на добра без надомест од страна на трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите и спрема нив блиски лица;

В) Задржувањето на добра од страна на даночниот обврзник или од лицето кое стапува на негово место, по престанувањето со вршењето на стопанската дејност и

Г) Прометот на добра без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот.

2. Издатоците за извршената услуга во случај на:

А) Користењето добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него, или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност;

Б) Вршењето услуги без надоместок од страна на даночниот обврзник за негови лични потреби, за потребите на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност ;

В) Вршењето услуга без надоместок од страна на трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите или спрема нив блиски лица и

Г) Промет на услуги без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот.

3. Кога надоместокот за прометот на доброто или за услугата се состои во целина или делумно во промет на друго добро или друга услуга, пазарната цена на добиеното добро или примената услуга;

4. За прометот остварен по пат на лицитација, постигнатата крајна цена;

5. Вo случај на промет на употребувани добра, вклучувајќи и употребувани моторни возила, уметнички и колекционерски предмети и антиквитети, разликата меѓу продажната и набавната цена, ако за испораката спрема даночниот обврзник не се должи данок;

6. Надоместокот (провизијата) за услугата за отстапување на привремен агенциски работник на работодавач корисник, согласно со закон;

7. Кај прометот, кој се извршува од страна на Трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членови и спрема нив блиски лица, како даночна основа се утврдуваат набавната цена или, доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот и издатоците за извршената услуга, доколку истите се повисоки од пазарните цени;

8. Кај прометот, кој се извршува од страна на физички лица спрема ним блиски лица, како даночна основа се утврдуваат набавната цена или, доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот и издатоците за извршената услуга, доколку истите се повисоки од пазарните цени;

9. Кај прометот, кој се извршува од страна на даночни обврзници спрема своите вработени и спрема ним блиски лица, како даночна основа се утврдуваат набавната цена или, доколку истата не постои, цената на чинење во моментот на прометот и издатоците за извршената услуга, доколку истите се повисоки од пазарните цени.

Bo случаите од точките 1 до 9, данокот на додадена вредност не претставува составен дел од даночната основа.

10. Пазарната вредност без данокот на додадена вредност на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршено од страна на закупецот, која е определена од овластен проценувач во моментот на настанување на даночниот долг, (а - на денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува или б - на денот на раскинување или откажување на договор за закуп или в – на денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна на закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест), во случаите на:

А) Прометот на добра од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот;

Б) Прометот на добра без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот;

В) Прометот на услуги од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот и

Г) Промет на услуги без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот.

11. При преносот на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување, даночна основа претставува постигнатата крајна цена намалена за данокот на додадена вредност, пресметан со примена на пресметковна стапка утврдена врз основа на пропишаната даночна стапка.

 

Примена на курс

 

Кога надоместокот кој го должи примателот на доброто или корисникот на услугата е пресметан во странска валута, се врши конверзија во денари по продажниот курс утврден од Народната банка на Република Македонија на денот на настанувањето на даночниот долг согласно со член 31 на овој закон.