Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Плаќање на данокот



Член 43



1. Даночниот обврзник е должен за секој даночен период да го плати данокот кој го пресметал според член 40 ставови 1 и 2 од овој закон.



2. Данокот пресметан и пријавен за соодветниот даночен период, даночниот обврзник го плаќа во роковите пропишани во член 41 ставови 1, и 4 на овој закон, во кои се поднесува даночната пријава.



3. Даночниот обврзник е должен данокот утврден според член 42 на овој закон да го плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решението за утврдување на данокот.



4. Даночниот обврзник е должен данокот за плаќање да го уплати на сметките утврдени со посебни прописи.



5. Данокот на додадена вредност при увозот се плаќа во исто време кога се плаќаат царинските давачки.



6. Наплата на данокот од став 5 на овој член врши надлежниот царински орган и истиот посебно го искажува во царинската декларација.



7. Добрата можат да бидат ослободени од царинскиот надзор само по плаќање на данокот на додадена вредност.



8. Царинскиот орган е должен наплатениот данок да го уплати на сметка на државниот буџет во рок од три дена од неговата наплата.



9. Co цел да се избегнат тешкотиите при увозот, се овластува министерот за финансии да утврди во кои случаи и под кои околности може да се одложи плаќањето на данокот на додадена вредност при увозот и истовремено да се одбие истиот како претходен данок во истиот даночен период, во кој настанал.



Член 43-а



1. Во случај на промет од членот 4 ставови (4) и (5) од овој закон, кога должникот или лицето кое гарантира за даночен долг, односно должникот или заложниот должник се регистрирани за данок на додадена вредност при промет на движен и недвижен имот во постапка за присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка и во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, во име и за сметка на даночниот должник, пресметувањето и плаќањето на данокот на додадена вредност за прометот на добрата кои се предмет на продажба во овие постапки го врши субјектот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување, освен кога доверителот се стекнува со доброто.



2. Субјектот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување од ставот (1) на овој член пресметувањето на данокот го врши на посебен образец (ДДВ-ПНПИ) Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, а плаќањето на данокот на додадена вредност го врши поединечно за секој даночен обврзник на буџетска сметка утврдена со посебни прописи. Во постапка за присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка, субјектот надлежен за присилна наплата плаќањето на данокот го врши најдоцна во рок од пет работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто, а во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, субјектот за присилно извршување плаќањето на данокот го врши најдоцна во рок од пет работни дена од денот на одржаната делба.



3. Првенство на намирување од износот уплатен од страна на стекнувачот на доброто за прометот извршен во постапки на присилна наплата согласно Законот за даночна постапка или присилно извршување согласно Законот за извршување, има намирувањето на обврската за плаќањето на данокот на додадена вредност.



4. Субјектот надлежен за присилна наплата, односно присилно извршување од ставот (1) на овој член е должен Извештајот од ставот (2) на овој член заедно со актот кој го изготвува согласно со Законот за даночна постапка и Законот за извршување кој е основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра, да ги достави до надлежниот даночен орган, до даночниот должник и до стекнувачот на доброто. Во постапка за присилна наплата согласно со Законот за даночна постапка, субјектот надлежен за присилна наплата Извештајот заедно со актот ги доставува најдоцна во рок од пет работни дена од денот кога е извршена целосна уплата од страна на стекнувачот на доброто, а во постапка за присилно извршување согласно со Законот за извршување, субјектот за присилно извршување Извештајот заедно со актот ги доставува најдоцна во рок од пет работни дена од денот на одржаната делба.



5. Надлежниот даночен орган врз основа на Извештајот од ставот (2) на овој член го задолжува даночниот должник за износот на пресметаниот и платениот данок на додадена вредност.



6. Министерот за финансии ги пропишува формата и содржината на Извештајот од ставот (2) на овој член.