Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

ДАНОЧНИ СТАПКИ



Данокот на додадена вредност се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки врз даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз и тоа:

 

1. Според општата даночна стапка од 18% и

2. Според повластената даночна стапка од 5%.

 

Општата даночна стапка од 18% се применува врз целокупниот промет и увоз, освен врз прометот и увозот кој се оданочува со повластената даночна стапка.

Повластената даночна стапка од 5% се применува врз прометот и увозот на:

 

1. Производи за човечка исхрана;



2. Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште;



3. Публикации и тоа: книги, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина;



4. Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија;



5. Ѓубрива;



6. Средства за заштита на растенијата;



7. Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството;



8. Земјоделска механизација;

 

9. Лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина;



10. Машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);



11. Термални сончеви системи и компоненти;



12. Mедицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица;



13. Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана ;



14. Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата2;

 

15. Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток;



16. Бебешки производи, и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња;


17. Училиштен прибор, и тоа: училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор;



18. Пелети, печки на пелети и котли на пелети и



19. Топлинска енергија за греење.

 

Повластената даночна стапка од 5% се применува и на прометот на следниве услуги:



1. Превоз на лица и нивниот придружен багаж;

2. Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);

3. Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад и

4. Услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти.



(2) Владата на Република Македонија поблиску ги определува добрата и услугите од ставовите (1) и (2) на овој член кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.