Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ
Данок на додадена вредност
 

Даночен период


Член 39


 
1. Периодот за кој се пресметува и плаќа данокот на додадена вредност е даночен период. За даночен период се смета календарскиот месец или, доколку вкупниот промет во изминатата календарска година не надминал износ од 25 милиони денари, даночниот период ќе биде календарско тримесечје.


 
2. Доколку даночниот обврзник е регистриран за цели на данокот на додадена вредност согласно со членот 51 од овој закон во текот на даночниот период кој му е определен во зависност од прометот кој го предвидел или го оставарил, за прв даночен период ќе му се смета само периодот од датумот на регистрација. Доколку даночниот обврзник престане со вршење на дејност во текот на даночниот период кој му е определен во зависност од прометот кој го предвидел или го оставарил, за последен даночен период ќе му се смета само периодот до датумот на бришење од регистрација.


Надлежниот даночен орган со решение го менува даночниот период кај даночните обврзници регистрирани за целите на данокот на додадена вредност врз основа на податоците за остварениот промет од претходната календарска година.