Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ТУР-ОПЕРАТОРИ



Член 38



(1) Одредбите од овој член важат за туристички услуги на даночен обврзник, доколку тој настапува спрема патниците во свое име (во натамошниот текст: тур-оператори) и притоа прима добра и услуги од трети лица кои се од непосредна полза за патниците (во натамошниот текст: претходни туристички услуги).

(2) Туристичките услуги дадени од страна на тур-операторот се сметаат за една единствена услуга. Местото на оваа услуга се утврдува според член 14 став 1 на овој закон.

(3) По исклучок од членовите 16, 17 и 18 на овој закон, даночна основа на услугата на тур-операторот претставува разликата меѓу износот кој го плаќа патникот за туристичкото патување и износот кој го плаќа тур-операторот за претходните туристички услуги. Данокот на додадена вредност не е составен дел на даночната основа. Во случаите од член 19 став 1 точка 2 и од став 2 на овој закон, наместо износот кој го плаќа патникот за туристичката услуга се земаат износите дадени во наведениот член. Наместо за секоја туристичка услуга одделно, тур-операторот може даночната основа да ја утврди или за одделни групи на туристички услуги, или за сите туристички услуги заедно, дадени во рамките на одреден даночен период.



(4) Независно од членовите 33 и 34 на овој закон, тур-операторот не е овластен да го одбие како претходен данок данокот на додадена вредност кој му е одделно истакнат во фактурата за извршените претходни туристички услуги.



(5) Се овластува министерот за финансии да го утврди начинот на исполнување на евиденциските обврски независно од членот 52 на овој закон.