Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Издавање фактура



Член 53



(1) Даночниот обврзник е должен на барање да издаде фактура за прометот извршен спрема други даночни обврзници. Фактурата може да се издаде во хартиена или електронска форма.

 

(2)За фактура од став 1 на овој член се смета секој документ кој го издава даночниот обврзник или друго лице по негов налог за извршениот промет. Како фактура се смета и пресметката, со која даночниот обврзник пресметува одреден оданочив промет извршен спрема него од страна на друг даночен обврзник. По исклучок од ставот (1) на овој член, при преносот на движен и недвижен имот во постапка на присилна наплата и во извршна постапка не се издава фактура од страна на даночниот обврзник, а од страна на субјектот кој ја спроведува постапката се изготвува решение за предавање на надвижноста на купувачот во владение или потврда за извршена продажба согласно Законот за даночна постапка или заклучок за извршена продажба согласно Законот за извршување кои се основ за стекнување со сопственост на движните и недвижните добра и Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување од членот 43-а став (2) од овој закон кога доверителот не е стекнувач на доброто, односно Извештај за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто.

(3) Кога е добиен надоместок само за делумно извршен промет, пред да биде комплетиран прометот, даночниот обврзник издава одвоени фактури за секој делумно извршен промет.

 

(4) Даночниот обврзник издава фактура за секое плаќање кое го добива однапред (аванс), пред да биде извршен прометот.

 

(5) При размена на добра или услуги, секој поединечен даночен обврзник издава фактура.



(6) Bo фактури издадени како за оданочив промет, така и за промет ослободен од данок, се врши одделно наведување на прометот. Кога се извршува промет кој е ослободен од данокот, на фактурата се наведува: „данокот на додадена вредност не е пресметан“.Кога примателот на добрата и услугите е даночен должник во случаите од членот 32-а од овој закон, даночниот обврзник кој го врши прометот во фактурата наведува „пренесување на даночна обврска“.



(7) Даночниот обврзник е должен да му достави, односно да му обезбеди фактура на примателот на доброто или корисникот на услугата и да обезбеди примерок од фактурата за сопствената евиденција.



(8) Фактурата се издава на денот на кој бил извршен прометот, a најдоцна во рок од пет работни дена.



(9) Кога се добива надоместок пред да биде извршен прометот, фактурата се издава во истиот ден кога авансното плаќање е добиено, а најдоцна во рокот од став 8 на овој член.



(10) Фактурата мора да ги содржи следниве податоци:



1. Место, дата на издавање и број;



2. Име (назив) и адреса на даночниот обврзник кој го извршува прометот и негов даночен број под кој е регистриран за данок на додадена вредност;



3. Име (назив) и адреса на примателот на доброто или корисникот на услугата;

4. Ден на извршениот промет;



5. Количина и опис на прометот;



6. Износ на надоместокот за извршениот промет, без данокот на додадена вредност;



7. Применета даночна стапка;



8. Износ на пресметаниот данок на додадена вредност;



9. Вкупен износ на надоместокот за извршениот промет и данокот на додадена вредност и



10. *Име, презиме и потпис на овластеното лице за потпишување на фактури кај издавачот на фактурата.



*Одредбата од членот 53 став (10) точката 10 од овој закон ќе започне да се применува од 1 јануари 2016 година.



(11) Министерот за финансии се овластува да одобри одредени олеснувања во однос на издавањето фактура, а особено да утврди во кои случаи и под кои услови:



1. Отпаѓа обврската за издавање фактура и

2. Може лицето да се откаже од наведувањето одредени податоци при издавањето фактури.



(12) Фактурата издадена во електронска форма не треба да содржи печат на издавачот на фактурата.



(13) Министерот за финансии ги пропишува формата и содржината на Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување, во случаите кога доверителот е стекнувач на доброто.



Член 53-а



(1) По исклучок од членот 53 од овој закон за користење на даночното ослободување од членот 24-а од овој закон, даночниот обврзник е должен да издаде фактура која содржи сериски број доделен од страна на даночниот орган. Даночниот обврзник пред да ја издаде фактурата, за користење на даночното ослободување мора да го пријави прометот, по електронски пат до даночниот орган.



(2) Одребата од ставот (1) на овој член не се применува во случај на промет извршен од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија.



(3) Даночниот орган е должен да води евиденција за фактурите од ставот (1) на овој член во електронска форма.



(4) Примателот на прометот е должен да води евиденција за примените фактури од ставот (1) на овој член по даночен обврзник. Во евиденцијата се внесуваат и примените фактури од даночен обврзник кој нема ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија, за промети за кои е користено даночното ослободување од членот 24-а став (3) од овој закон.



(5) Примателот на прометот доставува по електронски пат податоци од евиденцијата од ставот (4) на овој член за секое календарско тримесечје, до даночниот орган, најдоцна до 25 во месецот по завршување на секое календарско тримесечје.


(6) Формата и содржината на фактурата од ставот (1) на овој член, формата и содржината на пријавата од ставот (1) на овој член, начинот на пријавување од ставот (1) на овој член, содржината на евиденцијата од ставот (3) на овој член, како и формата и содржината на евиденцијата од ставот (4) на овој член ги пропишува министерот за финансии.



Член 53-б



(1) За фактура издадена во електронска форма се смета фактурата која е издадена како електронски документ.

 

(1) Примателот на фактура дава согласност со своја експлицитно изразена волја во хартиена форма дека приемот на фактурите ќе го извршува во електронска форма.

 

(1) Фактурата во електронска форма мора да ги задоволи следните барања:

1. да биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата,

2. да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетата технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата,

3. да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија.

 

(4) Барањата од ставот (3) алинеи 1 и 2 на овој член се обезбедуваат со потпишување на фактурата со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.



Член 54*



(1) Даночни обврзници кои извршуваат оданочив промет спрема приматели на добра или корисници на услуги кои не се даночни обврзници (крајни потрошувачи), или спрема даночните обврзници кои според член 53 став 1 на овој закон не бараат фактура, должни се прометот да го евидентираат преку наплатен уред (регистар-каса) и да издадат сметка, без оглед дали примателот на доброто или корисникот на услугата тоа го бара.

 

(2) За сметка од став 1 на овој член се смета исечок од касената лента, парагон блок или сличен документ и истиот мора да ги содржи следниве податоци:

 

1. Место, дата на издавање и број;

2. Име и адреса на даночниот обврзник кој го извршува прометот и неговиот даночен број под кој е регистриран за данок на додадена вредност;

3. Количина и опис на прометот и

4. Вкупен износ со данокот на додадена вредност.

 

(3) Обврската за издавање сметка од став 1 на овој член не се однесува за прометот на дневен печат, тутунски преработки, како и за прометот на пазарите и на отворените простори.

 

(4) Се овластува министерот за финансии да утврди одредени олеснувања во поглед на обврските според став 1 од овој член.



*Членот 54 престанал да важи од 4 мај 2001 година, види: член 25 од Законот за регистрирање на готовинските плаќања „Сл. весник на РМ“ бр. 31/01.

Член 55



(1) Ако некое лице во фактурата го искаже одделно данокот на додадена вредност иако за тоа не е овластено, тогаш го должи искажаниот износ. Износот на данокот се плаќа во рок од пет работни дена, по издавањето на фактурата.

 

(2) Ако даночниот обврзник во фактурата за извршениот промет искаже одделно поголем данок од износот кој според овој закон го должи, лицето ќе го должи и вишокот на данокот.

 

(3) Одредбите од став 2 на овој член не се применуваат ако се изврши исправка на данокот. Во тој случај соодветно се применува член 22 став 1 на овој закон.



Член 56



(1) Фактурите и другите документи издадени во согласност со овој закон, како и деловните книги на даночните обврзници се чуваат најмалку пет години по истек на календарската година, за која се однесуваат.

 

(2) Фактурите кои се издадени во електронска форма се чуваат во оригиналната форма во која се издадени, односно примени.

 

(3) Автентичноста на потеклото и интегритетот на содржината на фактурите кои се чуваат, како и нивната читливост, мора да бидат обезбедени од моментот на издавање до истекот на рокот утврден во ставот (1) од овој член.

 

(4) Издавачот и примателот на фактурата во електронска форма се должни да обезбедат и чуваат релевантни информации во врска со издавањето и приемот на фактурата преку кои може со сигурност да се утврди автентичноста на потеклото на интегритетот на содржината во рокот утврдени во ставот (1) од овој член.

 

(5) Фактурите без разлика на формата во која се издадени се чуваат на територијата на Република Македонија.

 

(6) Bo случај на жалба во согласност со член 58 на овој закон, рокот од став 1 на овој член почнува да тече од завршувањето на жалбената постапка.

 

(7) Министерот за финансии, во согласност од министерот за информатичко општество и администрација го пропишува начинот на издавање, пренос, примање и чување на фактура издадена во електронска форма.