Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Место на промет – член 11 до 15


Промет во земјата

Поимот „во земјата“ во смисла на овој закон ја претставува територијата на Република Македонија, со исклучок на слободните зони, царинските зони и царинските складови.

Промет во слободни зони, царински зони и царински складови



Прометот наменет за крајна потрошувачка во слободни зони, царински зони или царински складови, ќе се смета за промет остварен во земјата.

Промет наменет за крајна потрошувачка е прометот за кој примателот на прометот нема право на одбивка на претходен данок, односно:

1. прометот спрема лица кои не се даночни обврзници;

2. прометот спрема даночни обврзници во смисла на членот 51 став (3) од овој закон, доколку истите не се регистрирале доброволно за данокот на додадена вредност;

3. прометот спрема даночни обврзници кои го користат овој промет заради извршување промет ослободен од данок според членот 23 од овој закон и

4. прометот спрема даночни обврзници, кој доведува до исклучување на правото на одбивка на претходниот данок според членот 35 точки 2 до 6 од овој закон.

 

Место на промет на добра



За место на прометот на добра се смета:

1. Местото каде што доброто се наоѓа во времето на прометот, кога доброто не се превезува или испраќа;

2. Местото каде што доброто се наоѓа кога започнува превозот или испраќањето, во случај кога доброто се превезува или испраќа од страна на испорачателот, примателот или од страна на трето лице;

3. Местото каде што доброто се монтира или инсталира во случаите кога доброто се монтира или инсталира од страна на испорачателот или од друго лице во негово име и

4. Местото каде што доброто е примено, во случај на испорака на електрична енергија, гас, греење и разладување.

 

Место на промет на услуги



За место на прометот на услуги се смета:

1. Местото каде што вршителот на услугата има вистинско седиште или подружница од каде услугата вистински се извршува,

2. Местото каде што лицето кое ја врши услугата има свое постојано живеалиште или престојувалиште,

3. Делницата или дел од истата, по која се извршува превозот,

4. Местото каде што се наоѓа недвижниот имот, кога се работи за услуга во врска со тој имот, вклучувајќи го посредувањето во прометот со недвижности, проценката на имот, подготовката, изведувањето и надзорот на градежни работи,

5. Местото каде што услугата вистински се извршува кога се работи за следниве услуги:

А) културни, уметнички, научни, образовни, спортски, забавни, или слични услуги, вклучувајќи ги услугите на организаторите на тие услуги,

Б) проценка на движни материјални добра, вклучувајќи го давањето на стручно мислење за движните материјални добра,

В) работи што се вршат на движни материјални добра,

Г) помошни превозни услуги како натовар, истовар, претовар, складирање, или други услуги кои на вообичаен начин се поврзани со превозот.

6. Местото на прометот во кое е извршено посредување, во случај на посреднички услуги.

7. Местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена, или доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште, кога се работи за следниве услуги:

А) Услуги на полето на рекламата и работа со јавноста, услуги за грижа на корисниците во насока на унапредување на продажбата, дигитален маркетинг, таргетирање на потенцијални клиенти, креирање на промотивен материјал, менаџирање на социјални медиуми(креирање, поддршка и извршување на стратегија) ;

Б) Банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови;

В) Преземање обврска за делумно или целосно воздржување од вршење на некое дејствие, или да се трпи некое дејствие или состојба;

Г) Правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни советници, сметководители и инженери, како и други слични дејности;

Д) Услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза, техничка поддршка за сетирање на софтвер, техничка поддршка за сетирање на хардвер, далечински автоматизирани технички услови, интервенција во бази на податоци: внес, дополна, измена, управување, ажурирање на податоци на веб страницата, позадинско административно работење, креирање извештаи;

Ѓ) Обезбедување персонал;

Е) Изнајмување движен материјален имот, освен на сите видови превозни средства;

Ж) Телекомуникациски услуги;

З) Пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права;

S) Услуги на посредување во врска со услугите од овој став и

И) Обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови.

Одредбите од точките 3,4,5 и 6 првенствено се применуваат пред одредбите од точката 7.

Заради избегнување на двојно оданочување, неоданочување или нарушување на условите на конкуренцијата, министерот за финансии е овластен, да го утврдува местото на вршењето на одделните услуги според тоа каде била искористена услугата.

 

Увоз на добра


За увоз на добра се смета:

1. Внесувањето на добра преку царинската линија на Република Македонија и

2. Внесувањето добра од слободните зони, царинските зони и царинските складови во земјата.

За увоз на добра не се смета, прометот на добра со статус на домашна стока согласно со Царинскиот закон, кој се врши со надоместок, а кои се превезуваат или испраќаат од слободните зони во земјата, и истиот се смета за промет остварен во земјата.