Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Враќање на данокот



Член 45



1. Ако износот на претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот кој го извршил, како и за прометот за кои тој е даночен должник според членот 32-а од овој закон, разликата му се враќа на даночниот обврзник врз основа на негово барање кое го искажува во даночната пријава. Ако даночниот обврзник не искаже такво барање, разликата се пренесува како даночна аконтација за следниот даночен период.



2. Разликата на данокот од став 1 на овој член се враќа во рок од 30 дена по денот на поднесувањето на даночната пријава.


3. Доколку надлежниот даночен орган е оневозможен да изврши контрола на даночната пријава по вина на даночниот обврзник, рокот од став 2 на овој член почнува да тече дури откако се создадени услови за спроведување на контролата.



4. Неплатените даноци (данок на додадена вредност и други даноци) на даночниот обврзник, како и казнените камати за нив се пребиваат со побарувањата за исплата според став 1 од овој член.

 

5. Кога данокот на додадена вредност при увозот е пресметан и наплатен на добра кои се ослободени од данокот, или кога се наплаќа поголем данок од износот кој според овој закон се должи, наплатениот данок, односно повеќе наплатениот данок му се враќа на лицето кое нема или има делумно право да го одбие претходниот данок, во рокот од став 2 на овој член.



Член 46



1. По исклучок од одредбите на членовите од 39 до 45 на овој закон и во случај на постоење реципроцитет, на даночните обврзници кои немаат седиште или подружница во земјата и кои не извршуваат никаков промет во неа, или кои не должат данок за прометот ќе им се исплати, по барање, претходниот данок кој може да се одбие според членовите од 33 до 36 на овој закон, според посебна постапка која ја пропишува министерот за финансии.



2. Формата и содржината на барањето од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.



Член 47



(1) Ha непрофитните организации им се одобрува, по барање, враќање на данокот за промет на добра и за увозот реализиран спрема нив под следниве услови:

1. Прометот или увозот да не биле ослободени од данок.

2. Данокот на додадена вредност за извршениот промет на добра мора да е посебно искажан во фактурата во смисла на член 53 на овој закон и да бил платен со плаќањето на купопродажната цена.

3. Данокот долгуван за увозот мора да е платен и

4. Добрата мора да се пренесени во странство и таму да се користат за хуманитарни, добротворни или образовни цели.

(2) Министерот за финансии се овластува да ја уреди постапката за исплата и да ги пропише условите за докажување на правото за исплата.



(3) Формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност од ставот (1) од овој член како и потребната документација за исполнетоста на условите од ставот (1) ги пропишува министерот за финансии.



(4) Доказот за исполнување на условот од ставот (1) точка 3 на овој член, го прибавува овластеното службено лице од Управата за јавни приходи кое е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето да го побара доказот од надлежниот јавен орган.



(5) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој е побаран доказот за исполнување на условот од ставот (1) точка 3 на овој член е должно да го достави бараниот доказ во рок од три дена од денот на приемот на барањето.



Член 48

(1)Доколку странското дипломатско или конзуларно претставништво набави добра или користи услуги за службени потреби, на барање на претставништвото ќе му се изврши враќање на данокот на додадена вредност, доколку е платена фактурата и доколку во истата е одделно искажан данокот на додадена вредност од страна на даночниот обврзник според член 53 на овој закон. Враќањето се врши врз основа на посебни спогодби склучени со државата – испраќач, во согласност со условите на реципроцитет. Враќањето ќе се одбие, доколку износот на фактурата не надминува 5.000 денари, вклучувајќи го данокот на додадена вредност. Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од пет години по истекот на календарската година во која е извршен прометот кон подносителот на барањето.


(2)Во согласност со ставот (1) на овој член, враќањето на данокот на додадена вредност му се одобрува и на шефот на дипломатското претставништво, на членовите на дипломатскиот персонал на странското дипломатско претставништво, на конзуларните функционери, како и на нивните брачни другари, доколку овие лица стекнале добра или користеле услуги за лични потреби или за потреби на членовите на семејствата кои ги сочинуваат нивните домаќинства. Во тој случај, враќањето се ограничува на вкупен износ од 50.000 денари за соодветната календарска година. При набавката на моторно возило, враќањето на данокот се одобрува еднаш во три години, освен во случаите на неопходна набавка на ново возило како замена за старото, после настаната кражба или тешко оштетување. Данокот на додадена вредност за ваквата набавка не се засметува кон максималниот износ за враќање од 50.000 денари.



(3)При набавката на моторно возило како замена за старото пред истекот на три години по набавката на заменетото моторно возило, износот за враќање се намалува, земајќи го притоа предвид остатокот од вредноста на заменетото моторно возило, доколку за ваквата набавка било одобрено враќањето на данокот.



(4)Се овластува министерот за финансии да ги регулира поединостите на постапката за враќање.



(5)Формата и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.



Член 49



(1) Данокот на додадена вредност ќе им се врати, на барање, на меѓународните организации и нивните членови за прометот на добра или услуги извршени спрема нив, според условите и ограничувањата утврдени со меѓународни спогодби. Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од пет години по истекот на календарската година во која е извршен прометот кон подносителот на барањето.



(2) Поединостите во поглед на постапката за враќање ги регулира министерот за финансии.



(3) Формата и содржината на барањата за враќање на данокот на додадена вредност од ставот (1) од овој член ги пропишува министерот за финансии.