Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ИНВЕСТИЦИСКО ЗЛАТО



1. Општи одредби

Член 38-а



(1) За целите на овој закон, инвестициско злато се смета:



1. злато во форма на прачки или плочки со тежина прифатена од пазарите за благородни метали и со финост еднаква или поголема од 995 илјадити делови независно од тоа дали е обезбедено во форма на хартии од вредност или не и



2. златни монети, со финост еднаква или поголема од 900 илјадити делови, што се исковани по 1800 година, кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства и вообичаено се продаваат по цена што не надминува повеќе од 80% од вредноста на златото содржано во монетата, на слободниот пазар.



(2) За целите на овој закон, се смета дека монетите од ставот (1) точка 2 на овој член не се продаваат за нумизматички цели.



(3) Владата на Република Македонија ги пропишува „тежината прифатена на пазарите на благородни метали” од ставот (1) точка 1 на овој член и видовите на златни монети од ставот (1) точка 2 на овој член, кои претставуваат инвестициско злато.



2. Даночно ослободување на прометите со инвестициско злато и посредувањето во промети со инвестициско злато



Член 38-б



(1) Од данок на додадена вредност се ослободени прометот и увозот на инвестициско злато, вклучително инвестициското злато претставено со сертификати за алоцирано (асигнирано) или неалоцирано (неасигнирано) злато или е тргувано преку сметки за трговија со злато, како и заемите во злато и свопови со злато (swap) со кои се стекнува право на сопственост или побарување во врска со инвестициско злато, и трансакции во врска со инвестициско злато кои вклучуваат договори за фјучерси и форворди чиј резултат е пренос на правото на сопственост или побарувањето во врска со инвестициско злато.



(2) Од данокот на додадена вредност е ослободен прометот на услуги на посредникот, што дејствуваат во име и за сметка на трети лица, доколку тој посредува во прометот на инвестициско злато до неговите налогодавачи.



3. Право на одбивка на претходниот данок за промет со инвестициско злато кој е ослободен од данок



Член 38-в



За прометот на инвестициско злато кој е ослободен од данокот согласно со оваа глава, даночниот обврзник има право да ги одбие следниве износи:



а) данокот на додадена вредност што се должи или е платен за злато, за промет кон него или увоз извршен од негова страна, коешто злато не е инвестициско злато, а потоа од него или од страна на друго лице во негово име истото било претворено во инвестициско злато и



б) данокот на додадена вредност што го должи или е платен за промети на услуги извршени кон него, а коишто се состојат во менување на формата, тежината или чистотата на злато, вклучително и инвестициско злато.



4. Право на одбивка на претходниот данок за даночни обврзници што произведуваат инвестициско злато или претвораат злато во инвестициско злато



Член 38-г



Даночните обврзници што произведуваат инвестициско злато или претвораат злато во инвестициско злато можат да го одбијат како претходен данок данокот што се должи или е платен од нив за промет, или увоз на добра или за промети на услуги што се директно поврзани со производството или претворањето на ова злато, како промет на инвестициското злато да е оданочив, иако тој е ослободен од данокот согласно со членот 38-б став (1) од овој закон.



5. Обврски за водење евиденции на даночните обврзници кои вршат промет на инвестициско злато



Член 38-д



(1) Даночните обврзници мора да водат евиденција за промети на инвестициско злато, во која ќе бидат содржани и податоци кои ќе овозможат утврдување на идентитетот на примателите на овие промети и да ги чува документите во врска со овие промети.



(2) Даночните обврзници ја чуваат евиденцијата и документите наведени во ставот (1) на овој член најмалку десет години, сметано од годината која следи по годината во која е извршен прометот на инвестициско злато.

 

(3) Министерот за финансии ги пропишува содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот (1) на овој член.



(4) Евиденцијата од ставот (1) на овој член ги содржи следниве податоци реден број на уписот, број и датум на фактурата, повикувачки број на нарачката, даночен број на примателот на прометот, име (назив) и адреса на примателот на прометот, опис на инвестициското злато кое е предмет на промет (форма, количина, финост, како и тежина и единица мерка кога предмет на промет е злато во форма на прачки и плочки, и земја на потекло, име на валута и апоени кога предмет на промет е злато во форма на монети), име и адреса на посредникот доколку прометот е извршен со посредување и износ на надоместокот за прометот.



(5) Евиденцијата од ставот (1) на овој член се води согласно со Законот за општата управна постапка.