Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Даночна основа за увозот на добра - Член 21



Даночна основа за увозот на добра е вредноста на увезеното добро утврдена според царинските прописи. Ако увезеното добро не подлежи на прописите за царинење или на плаќање царина, даночната основа ќе се утврди според надоместокот што е платен, или што би требало да се плати или ако е тоа непознато, односно ако надоместокот е нереално искажан, според вредноста што ќе ја одреди надлежниот царински орган.

 

Bo даночната основа се вклучуваат:


1. Царината, даноците, вклучувајќи ги акцизите, таксите, другите увозни давачки, освен данокот на додадена вредност.

2. Зависните трошоци, вклучувајќи ги трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои настануваат до првото место на крајната дестинација на доброто во земјата, како што е искажано во документите за превоз, или ако такви податоци нема, до местото на првиот истовар на доброто.


Кога доброто било привремено извезено во странство за да биде поправено, ремонтирано или облагородено на друг начин, а потоа е пак увезено во земјата од страна на извозникот, или од друго лице за него, даночна основа претставува надоместокот кој е платен за извршените работи, или ако не е платен надоместок или ако е тој непознат, тогаш вредноста што ќе се утврди според царинските прописи, вклучувајќи ги износите точки 1 и 2 . Ова важи и во случај ако наместо облагороденото добро се увезе друго добро, кое по количина и квалитет одговара на извезеното добро.