Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

 

Даночни ослободувања во земјата без право на одбивка на претходниот данок - Член 23

Се ослободуваат од данок на додадена вредност:

 

1. Прометот на станбени згради и станови, во оној дел, во кој истите се користат за станбени цели, со исклучок на првиот промет, кој ќе се изврши во период до пет години по изградбата;

 

2. Изнајмување на станбени објекти и станови, доколку истите се користат за станбени цели;

 

3. Прометот на поштенски и таксени марки по нивната номинална вредност, на коверти, поштенски картички и други поштенски вредносници на кои се втиснати поштенски марки, како и на контролни маркици (бандероли);

 

4. Поштенски услуги од страна на Македонската пошта

 

5. Банкарски и финансиски промет и тоа:

а) прометот, вклучувајќи го посредувањето, во врска со девизи, банкноти и монети кои служат како законско платежно средство, со исклучок на банкноти и монети кои не се користат како законско платежно средство, или кои имаат нумизматичка вредност;

б) прометот, вклучувајќи го посредувањето, во врска со акции, удели во претпријатија или здруженија, обврзници и други хартии од вредност, освен чувањето и управувањето со хартии од вредност;

в) управувањето со фондови за социјално осигурување и со специјални инвестициони фондови;

г) одобрувањето и посредувањето на кредити, како и управувањето со нив од страна на кредитодавачот;

д) прометот, вклучувајќи го посредувањето во врска со работењето со тековни сметки, депозити, штедни влогови, плаќања, вирмани, меници, чекови, жиро-сметки, кредитни карти, дознаки, со исклучок на наплатата на туѓи побарувања и

ѓ) преземањето кредитни гаранции или други обезбедувања, посредувањето со нив, како и управувањето со кредитни гаранции од страна на кредитодавачот;

 

6. Услуги на осигурување и реосигурување, вклучувајќи ги со нив поврзаните услуги на осигурителни брокери и агенти;

 

7. Игри на среќа и забавни игри, чие изведување е регулирано со Законот за игрите на среќа и за забавните игри;

 

8. прометот од установите што вршат дејност од областа на културата со непрофитна цел за културните услуги и добра непосредно поврзани со тие услуги во согласност со прописите од областа на културата и прометот од ботанички градини, животински паркови, паркови, архиви и документациони центри;

 

8-a) влезници за јавни настани кои се од национален интерес од областа на културата, а кои јавни настани како такви се утврдени и се финансираат преку годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за годината во која се одржува јавниот настан донесена од Министерството за култура. За примена на ослободувањето даночниот обврзник е потребно, пред да започне со прометот на влезниците, да обезбеди документ од Министерството за култура со кој се потврдува дека јавниот настан за кој се бара даночно ослободување е утврден во годишната програма за остварување на националниот интерес во културата;

 

9. Услуги на радиодифузни и телевизиски станици, освен комерцијалните дејности;

 

10. Здравствени услуги од страна на болници, клиники, здравствени домови, медицински и хемиски лаборатории за дијагностика, центри за рехабилитација и слични установи;

 

11. Услуги и промет на добра од страна на установи за социјална грижа и заштита, вклучувајќи ги услугите на домови за хоспитализирање, нега и лекување на стари лица;

 

12. Услуги во рамките на згрижување и надзор на деца и младинци, како и со нив тесно поврзан промет на добра;

 

13. Услуги во рамките на сместување на деца и младинци со цел за нивно воспитување, образование или дообразување, како и со нив тесно поврзан промет на добра;

 

14. Услуги во рамките на професионалната дејност на доктори, стоматолози и

забни техничари, или на други медицински професии кои пружаат медицинска здравствена заштита, како и испорака на забни протези од страна на стоматолози и забни техничари, освен:

а) услуги од козметички салони и салони за масажа;

б) услуги од лица кои применуваат нетрадиционални методи на лекување и в) ветеринарни услуги;

 

15. Превозни услуги на болни и повредени лица со возила специјално наменети за такви цели;

 

16. Прометот на човечка крв, мајчино млеко, човечки органи, клетки и ткива;

 

17. Образовни услуги, и тоа:

а) образование и воспитување на деца и младинци, вклучувајќи и услуги на училишно и универзитетско образование;

б) услуги на оквалификување, доквалификување и преквалификување, како и услуги на училишта и центри за изучување на странски јазици;

 

17-а. Услуги кои се вршат кон високообразовните установи со цел да се обезбедат услови за стекнување способности и вештини за вршење научно-истражувачка дејност, вклучувајќи и менторирање за изработка и одбрана на магистерски или докторски трудови;

 

17-б. Услуги на научно-истражувачка дејност согласно со Законот за научно-истражувачката дејност

 

18. Услуги на погребални институции и крематориуми, како и прометот на добра поврзан со ваквите услуги;

 

19. Меѓународен превоз на патници ;

 

19-а. Употреба на јавен пат, негов дел или објект од патот (патарина);

 

19-б. Употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса) и

 

20. Промет на добра, како и користење на истите во смисла на член 6 став 3 точка 1 од овој закон, за кои било исклучено правото на одбивка на претходните даноци при нивната набавка, нивното производство или нивниот увоз според член 35. Ова не важи за прометот, кој е исклучен од даночното ослободување според точка 1 на овој член.