Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Евиденциски обврски



Член 52



(1) Даночниот обврзник е должен да води уредна и точна евиденција во поглед на основите на пресметувањето на данокот, особено на неговиот промет и претходниот данок кој може да го одбие, како и во поглед на основите на пресметување на данок за прометот извршен кон него во случаите од членот 32-а од овој закон така што ќе се овозможи лесна проверка на евиденцијата.



(2) Евиденцијата од став 1 на овој член мора да содржи одделни податоци за:



1. Прометот на даночниот обврзник, и тоа: а) даночната основа за тој промет и б) данокот долгуван за тој промет.



Евиденцијата треба да го прикаже начинот на кој се врши распределба на даночната основа на оданочив промет, истиот поделен според даночни стапки, на промет ослободен од данок со право на одбивка на претходниот данок и на промет ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок;



2. Прометот кој е извршен спрема даночниот обврзник и тоа:

а) даночната основа за тој промет и

б) претходниот данок кој отпаѓа на тој промет.



3. Увозот на даночниот обврзник и тоа:

а) даночната основа за увозот и

б) данокот кој отпаѓа на неа.



4. Исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок;



5. Данокот долгуван според член 55 ставови 1 и 2 на овој закон;



6. Претходниот данок кој може да се одбие;



7. Поделбата на претходните даноци и



8. Висината на данокот кој треба да се плати.



(3) Даночниот обврзник е должен на крајот од календарската година да ги утврди и евидентира соодветните годишни износи.



(4) Даночниот обврзник може да ги исполнува евиденциските обврски според став 2 точка 1 на овој член и на тој начин, што ќе води евиденција на даночните основи и на даноците во еден збир (бруто-евиденција). Во тој случај, должен е на крајот од секој даночен период да го подели збирот на бруто-износите на даночни основи и на даноци и како такви да ги евидентира.



(5) Bo случаите од член 32 точка 4 и членот 32-а на овој закон, примателот на доброто или корисникот на услугата е должен да ги евидентира даночните основи за даноците кои тој ги долгува.



(6) Евиденцијата се води врз основа на влезните и на излезните фактури, на царинските документи или на други пропишани документи, во рамките на роковите утврдени за плаќање на данокот.



(7) Министерот за финансии е овластен да донесе поблиски прописи за начинот на исполнување на евиденциските обврски и за случаите, во кои може да се одобрат олеснувања во поглед на исполнувањето на овие обврски.