Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност



КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ



Член 59



1. Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник-правно лице и трговец поединец, ако поднесе пријава за регистрација за данокот на додадена вредност по истекот на пропишаниот рок (член 51 став (11)).



2. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец, ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.



3. За прекршокот од ставот (1) на овој член на физичко лице - даночен обврзник ќе му се изрече глоба во износ од 120 до 180 евра во денарска противвредност.



Член 59- а



Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на носителот на платниот промет ако по добивањето на податоците од членот 41 став (7) на овој закон не достави по електронски пат периодичен извештај од денарска трансакциска сметка и девизна сметка на даночниот обврзник регистриран за цели на данок на додадена вредност до надлежниот даночен орган за период и во рок во кој се поднесува даночната пријава.



Член 59-б



(1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник-правно лице и трговец поединец ако:



1) поднесе даночна пријава до надлежниот даночен орган по истекот на пропишаниот рок (член 41 ставови (1), (3), и (4) ;

 - неуредно води евиденција (член 52 став (1)) ;

- не издава фактура во пропишаниот рок (член 53) и

- не поднесе извештај заедно со даночната пријава, до надлежниот даночен орган за прометите извршени во периодот на кој се однесува даночната пријава (член 41-б).

 

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

 

(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член на физичко лице - даночен обврзник ќе му се изрече глоба во износ од 150 до 225 евра во денарска противвредност.



Член 60



(1) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на даночниот обврзник-правно лице и трговец поединец, ако:

1) не поднесе даночна пријава до надлежниот даночен орган (член 41 ставови (1), (3), и (4))

2) данокот на додадена вредност не го уплати на утврдената сметка (член 43 став (4));

3) не поднесе пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (член

51 став (11));

4) не води или неточно води евиденција (членови 38-д, 52 став (1) и 53-а став (5));

4-a) не доставува евиденција до даночниот орган (член 53-а, став (6));

5) издава неуредна фактура (член 53) и 

 6) фактурите или другите документи издадени во согласност со овој закон или деловните книги не ги чува во пропишаниот рок (член 38-д став (2) и член 56 став (1)).

 

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

(3) За прекршокот од ставот (1) на овој член на физичко лице - даночен обврзник ќе му се изрече глоба во износ од 250 до 375 евра во денарска противвредност.



Член 60-а



(1) Одговорното лице во правното лице и физичко лице - даночен обврзник кои нема да поднесат даночна пријава во пропишаниот рок, или ќе поднесат даночна пријава, но во истата нема да внесат точни податоци, или ќе поднесат даночна пријава а нема да го уплатат долгуваниот данок на утврдените сметки, со цел да се стекнат со поголема имотна корист или вредност, ќе се казнат со казна затвор од шест месеци до пет години и со парична казна.

(2) Ако износот на обврската од овој член е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години и со парична казна.

(3) Ако делото од овој член го стори правно лице ќе се казни со парична казна.

(4) Имотната корист прибавена со извршеното кривично дело од овој член се одзема со судска одлука.

Член 60-б



(1) Глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на субјектот надлежен за присилна наплата односно присилно извршување од член 43-а, став (1) на овој закон, доколку не достави до надлежниот даночен орган, до должникот и до стекнувачот на доброто Извештај за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување (член 43-а став (4)).



(2) Глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на субјектот надлежен за присилна наплата односно присилно извршување од член 43-а, став (1) на овој закон, доколку не го пресмета и не го уплати данокот на додадена вредност (член 43-а став (2)).



Член 60-в



Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице и трговец поединец се врши согласно Законот за прекршоците.



Член 60-г



(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице во Управата за јавни приходи ако не го побара доказот по службена должност во рокот утврден во членот 47 став (4) од овој закон.



(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност му ќе се изрече на овластеното службено лице од органот од кој е побаран доказот ако не го достави бараниот доказ во рокот утврден во членот 47 став (5) од овој закон.



(3) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното службено лице на органот, ако не донесе решение во рокот утврден во членот 51-а од овој закон.



(4) За прекршоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.