Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

 

ВРЕМЕ НА НАСТАНУВАЊЕ НА ДАНОЧНИОТ ДОЛГ



Член 31



(1) Даночниот долг настанува:

 

1. Вo моментот кога е извршен прометот на доброто. Кога доброто се превезува или испраќа, се смета моментот на започнување на превозот или на испраќањето. Кога прометот вклучува монтирање или инсталирање, се смета моментот кога соодветните работи се завршени и



2. Вo моментот кога услугата е целосно извршена.



(2) Кога плаќањето е извршено пред извршувањето на прометот, време на настанување на даночниот долг е моментот кога е добиено плаќањето, во висина на данокот за добиениот износ.



(3) Bo случај на периодичен или континуиран промет, за кој се предвидени последователни плаќања, време на настанување на даночниот долг е денот на кој издадена фактура за соодветниот период или, доколку е порано, денот во кој е добиено плаќањето за соодветниот период.



(4) Ако економски деливиот промет се должи и извршува во делови, време на настанување на даночниот долг е денот во кој е извршен соодветниот дел од прометот.



(5) Кога се користат автомати за продажба на добра или за извршување услуги, кои работат со монети, книжни пари или жетони, време на настанување на даночниот долг е денот на кој монетите, книжните пари или жетоните се вадат од автоматот.



(6) За време на настанување на даночниот долг при увозот на добра се смета:



1. Денот на настанување на обврската за плаќање на царината и другите увозни давачки, или денот на внесување на доброто во земјата, кога се работи за добро кое не подлежи на плаќање царина и



2. Моментот кога доброто, кое подлежи на режимот на добра во слободни зони, царински зони и царински складови или кога доброто е во транзит или е привремено увезено, се пушта во слободниот промет.

 

(7) За време на настанување на даночен долг во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршени од страна на закупецот, се смета:


1. Денот на престанување на договорот за закуп, во случај на истекување на времето за кое е склучен, освен кога закупот се продолжува или

2. Денот на раскинување или откажување на договор за закуп или

3. Денот кога е извршена уплатата на надоместокот од страна закуподавачот, кога за време на важноста на договорот за закуп е извршен прометот со надомест во смисла на член 3 став (2) точка 7 и член 6 став (2) точка 5 од овој закон.



(8) По исклучок на ставот (1) од овој член, за време на настанување на даночен долг во постапка за присилна наплата и во постапка за присилно извршување се смета денот кога е извршена целосна уплата на постигнатата крајна цена од страна на стекнувачот на доброто, освен кога доверителот се стекнува со доброто.