Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Даночни ослободувања во земјата со право на одбивка на претходниот данок – Член 24,24а,25,26



Се ослободуваат од данокот на додадена вредност:


1. Испораки на добра кои се превезуваат или испраќаат во странство од страна на даночниот обврзник, примателот на доброто или од страна на трето лице по нивен налог, ако примателот на доброто е со седиште во странство. Испорачаното добро може да биде обработено или преработено пред извозот од страна на трети лица по налог на примателот на истото;

2. Прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободни зони, царински зони или царински складови; По исклучок, прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободни зони не е ослободен од данок на додадена вредност, доколку вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет без данокот на додадена вредност, е еднаков или помал од 60.000 денари.

3. Услуги поврзани со увозот, извозот и транзитот и тоа:

а) меѓународниот превоз на добра за извоз и другите услуги кои се извршуваат во непосредна врска со извозот на добрата;

б) меѓународен превоз на добра за увоз, како и други услуги кои се однесуваат на увозот, доколку вредноста на тие услуги е вклучена во даночната основа (во согласност со член 21 став 2 точка 2 од овој закон) - Bo даночната основа се вклучуваат: Зависните трошоци, вклучувајќи ги трошоците за провизии, пакување, превоз и осигурување кои настануваат до првото место на крајната дестинација на доброто во земјата, како што е искажано во документите за превоз, или ако такви податоци нема, до местото на првиот истовар на доброто.

в) услуги кои директно се поврзани со увозот (од членот 27 став (1) точка 2) на добра кои во рамките на транзитна царинска постапка се движат од едно до друго место во царинското подрачје на Република Македонија; и (членовите 27- а) - Се ослободува од плаќање данок на додадена вредност увозот на добра кои се наменети да: а) се стават на увид на царинскиот орган, и кога е применливо, да се стават во третман на привремено чувани добра; б) се внесат во слободна зона или слободен склад и в) се стават во постапка на царинско складирање или царинска постапка на увоз за облагородување според системот на одложено плаќање, согласно со царинските прописи. Ослободување од плаќање на данок на додадена вредност може да се оствари ако добрата не се пуштени во слободен промет, односно не се наменети за крајна потрошувачка. Од плаќање на данок на додадена вредност се ослободени и добра наменети за продажба во слободни царински продавници на аеродромите, отворени за меѓународен воздушен сообраќај под услови патниците истите да ги изнесат како багаж во дозволени количини во други држави со авион; и (27- в) Се ослободени од плаќање на данок на додадена вредност добрата кои привремено се увезуваат со целосно ослободување од плаќање царина, и тоа: 1) транспортни средства; 2) лични предмети и стока за спортски цели увезени од патници; 3) материјали за помош при непогоди; 4) медицинска, хируршка и лабораториска опрема; 5) животни; 6) стока за употреба во погранични зони; 7) медиуми − носачи на звук, слика или податоци; 8) рекламен материјал; 9) професионална опрема; 10) педагошки материјал и научна опрема; 11) амбалажа; 12) калапи, матрици, нацрти, скици, модели, инструменти за мерење, проверка тестирање и други слични предмети; 13) специјален алат и инструменти; 14) стока за вршење на тестирање или која е предмет на тестирање; 15) мостри на стока; 16) заменувачки производи; 17) стока за изложби, саеми, средби и слични настани или за продажба; 18) резервни делови, прибор и опрема и 19) друга стока која повремено се увезува или се увезува во случаи во кои нема економски ефект. За овие добра ослободувањето од плаќање данок на додадена вредност се одобрува согласно со условите и роковите определени со царинските прописи со кои за добрата се одобрува привремен увоз со целосно ослободување од плаќање царина.

4. Работи на движни материјални добра кои биле набавени или увезени во земјата за цели на овие работи и кои потоа биле извезени од страна на вршителот на услугата, странскиот нарачател или во нивно име од страна на трето лице;

5. Вршењето услуги од страна на посредници кои делуваат во име и за сметка на друго лице, кога таквите дејности се однесуваат на прометот наведен во овој член;

6. Прометот на злато и други благородни метали спрема централните банки;

7. Прометот, модификацијата, поправката, одржувањето, чартерингот и изнајмувањето на летала кои се користат главно во меѓународниот комерцијален воздушен сообраќај, како и испораката, изнајмувањето, поправката и одржувањето на добрата кои служат за опремување на леталото;

8. Прометот на добра и услуги кои се во врска со намирување на непосредните потреби на летала според точка 7;

9. Меѓународниот воздушен превоз на патници во воздушниот сообраќај. Ова даночно ослободување важи за воздухопловни претпријатија со седиште во странство само во случај на реципроцитет и

 10. Услуги од страна на телекомуникациски оператор со кои се овозможува донирање на финансиски средства преку отворен специјален телефонски број за донации кои се користат за хуманитарни цели.

11. Ослободен од данок на додадена вредност e промет на добра и услуги, наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци. Кај проектите кои се финансирани во рамките на инструментот за претпристапна помош (ИПА) кој се спроведува во услови на децентрализирано управување, даночното ослободување се однесува и за делот на средствата од национално кофинансирање обезбедено од Буџетот на Република Македонија и тоа од сопствени средства или од други извори на финансирање. Даночното ослободување се применува и доколку даночен должник е примателот на доброто или корисникот на услугата согласно со членот 32 точка 4 од овој закон. Начинот на спроведување на даночното ослободување го пропишува министерот за финансии.



Купувач – физичко лице


Купувач - физичко лице, кое на територијата на Република Македонија нема постојано живеалиште или привремен престој, има право на враќање на данокот на додадена вредност за добрата кои се купени во Република Македонија чија вредност надминува износ од 5.000 денари, вклучувајки го и данокот на додадена вредност, кои ги изнесува од Република Македонија пред истекот од третиот месец кој следи по месецот на купување. Правото на враќање на данокот на додадена вредност не се однесува на минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на производи од тутун. Начинот на враќањето на данокот на додадена вредност и содржината на барањето за враќање на данокот на додадена вредност ги пропишува министерот за финансии.



Извоз



Извозот се смета за извршен, ако:

1. Доброто ја премине царинската линија на Република Македонија и

2. Доброто стигне во слободни зони, царински зони и царински складови, под услов истото да не е наменето за крајна потрошувачка.

 

Странски примател


Странски примател и Странски нарачател , претставува лице кое има свое фактичко седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во странство. Подружницата на странскиот примател која се наоѓа во земјата не се смета за странски примател.

 

Услови


Даночниот обврзник е должен да ја докаже исполнетоста на условите за даночно ослободување. Министерот за финансии го уредува подетално начинот на докажување на даночното ослободување.