Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Даночен обврзник – член 9,9а,10


Обврзник


Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.

 

Стопанска дејност


Под стопанска дејност се подразбира секоја дејност на производителите, трговците и лицата кои извршуваат услуги, која има за цел остварување на приходи, вклучувајќи ги дејностите од областа на рударството, земјоделството и шумарството, како и отстапувањето на материјални и нематеријални добра за нивно користење.

 

Како самостојна дејност не се смета дејноста на:


1. Физичките лица, кои поединечно или здружени се вработени во некое претпријатие и по таа основа примаат плата и се обврзани да се повикуваат на упатствата на работодавецот и

2. Подружниците, филијалите или другите поединечни организациони делови на некое претпријатие.

 

Поврзани лица


Како еден даночен обврзник, регистриран за данокот на додадена вредност, можат да бидат и повеќе лица регистрирани за данокот на додадена вредност, кои така ќе одлучат заради нивната сопственичка, организациска или управувачка поврзаност.

Кога надлежниот даночен орган, ќе утврди постоење на одредена сопственичка, организациска или управувачка поврзаност меѓу одделни лица, кои се посебни даночни обврзници регистрирани за данокот на додадена вредност, со решение ќе им наложи да се регистрираат како еден даночен обврзник, доколку кај овие лица утврди нарушување на даночните принципи или можност за нивно нарушување.

Правата и обврските за данокот на додадена вредност на одделните лица кои се посебни даночни обврзници регистрирани за данокот на додадена вредност и кои ќе се регистрираат како еден даночен обврзник, се пренесуваат на новиот даночен обврзник.

Министерот за финансии донесува поблиски прописи со кои ќе ги утврди критериумите, врз основа на кои може да се утврди постоење на сопственичка, организациска и управувачка поврзаност, ќе го уреди начинот на примената на одредбите од Законот за данокот на додадена вредност за овие субјекти и ќе ги утврди случаите на нарушување на даночните принципи и можноста за нивно нарушување.





Државни органи


Државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела не се даночни обврзници за оној дел од нивните дејности, што се ограничува на извршувањето на јавни функции, дури и ако во врска со тие дејности наплатуваат даноци, такси, придонеси или други давачки.

Државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите јавно-правни тела се даночни обврзници во случаите, доколку во рамките на одредена стопанска дејност вршат промет, кој според овој закон е оданочив кај другите даночни обврзници.