Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Промет на услуги – член 6,7


Промет на услуги претставува:

1. Секоја дејност која не е промет на добра,

2. Вршењето услуга врз основа на закон или налог издаден од или во име на орган на јавната власт,

3. Преземањето обврска за делумно или целосно воздржување од вршење на некоја дејност или да се трпи некое дејствие или состојба,

4. Преносот и отстапувањето на авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и слични права,

5. Предавањето на јадења и на пијалаци за консумација на лице место,

6. Прометот на услуги од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот,

7. Користењето добра кои се дел од имотот на претпријатието за лични потреби на даночниот обврзник, или на вработените лица кај него, или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност,

8. Вршењето услуги без надоместок од страна на даночниот обврзник за негови лични потреби, за потребите на вработените лица кај него или за други цели кои не се поврзани со неговата стопанска дејност,

9. Вршењето услуга без надоместок од страна на трговски друштва и други здруженија на лица спрема нивните сопственици на влог, спрема членовите или спрема нив блиски лица и

10. Промет на услуги без надомест од страна на закупeцот кон закуподавачот, во случај на инвестициско вложување во објект на закуподавачот извршен од страна на закупецот, освен вложување кое се однесува на тековно (редовно) одржување на објектот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на закупецот.



Кога прометот на услуги се врши како надоместок за прометот на добра или за прометот на други услуги, секој од овие промети се смета за посебен промет на добра или на услуги.

Кога даночниот обврзник, кој делува во свое име и за сметка на друго лице, се вклучи во вршењето услуга, ќе се смета дека даночниот обврзник ја примил и ја извршил услугата.