Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

РЕГИСТРАЦИЈА



Член 51



(1) Сите даночни обврзници, чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет се предвидува на почетокот од вршењето на стопанската дејност дека ќе го надмине износот или во текот на годината го надмине износот обврзани се за регистрација за данокот на додадена вредност. Обврската за регистрација за данокот на додадена вредност не се однесува за даночни обврзници во смисла на член 32 точка 4 и член 46 на овој закон.

(2) Вкупен промет претставува збир на прометот што го направил обврзникот во текот на календарската година и кој е предмет на оданочување според член 2 точка 1 на овој закон, вклучувајќи го и данокот кој отпаѓа на него, освен прометот ослободен од данок без право на одбивка на претходниот данок. Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, фактичкиот вкупен промет се пресметува на ниво на вкупен промет за целата календарска година.

(3) Даночни обврзници - резиденти во земјата кои не се обврзани за регистрација според став 1 првата реченица не должат данок на додадена вредност за прометот на добра и услуги извршени од нив. Тие не се овластени одделно да искажуваат данок во фактурите или во други документи и немаат право на одбиток на претходни даноци.

(4) Даночните обврзници во смисла на став 3 од овој член, можат доброволно да се регистрираат за данокот на додадена вредност од почетокот на секоја календарска година. Во тој случај не се применува став 3 од овој член.

(5) Даночните обврзници во смисла на став 1, првата реченица и на став 4 од овој член се обврзани да поднесат пријава за регистрација за данокот на додадена вредност кај надлежниот даночен орган. Формата и содржината на пријавата ги утврдува министерот за финансии.

(6) Даночните обврзници од ставот (4) на овој член, пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност од ставот (5) на овој член, можат да ја поднесат и преку Централниот регистар на Република Македонија.

(7) Надлежниот даночен орган го врши уписот во регистарот на обврзници на данокот на додадена вредност од почетокот на тековната календарска година и притоа им издава на даночните обврзници решение. Ако даночниот обврзник започнал да ја врши својата дејност во текот на календарската година, регистрацијата се врши со започнувањето на вршењето на дејноста. Под започнување на вршење на дејноста се подразбира првото вршење на активност на даночниот обврзник како прва извршена набавка на добра (основни средства, трговска стока и друго), користена услуга (закуп, истражување на пазар и друго) и извршен промет на добра или услуга. Ако во текот на годината даночниот обврзник го надмине износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари, регистрацијата се врши по истекот на месецот кога е остварен прометот. Во случаите од членот 9-а став (2) на овој закон, надлежниот даночен орган врши упис во регистарот на обврзници на данокот на додадена вредност, веднаш по утврдувањето.



Даночните обврзници во смисла на став 1 првата реченица, на став 4 и на став 7 трета реченица од овој член остануваат регистрирани најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет. Во овој период не се применува став 3 на овој член. Доколку вкупниот промет во петтата календарска година не го надминува износот според став 1, даночниот обврзник може по истекот на рокот да поднесе пријава за отповикување на регистрацијата за данок на додадена вредност до надлежниот даночен орган, кој му издава решение за бришење од регистарот на обврзници за данокот на додадена вредност.



1. По исклучок на рокот утврден во ставот 8 на овој член, прекинувањето на регистрацијата може да се оствари во покус рок од пет календарски години, а со донесување на решение од надлежниот даночен орган.

2. Надлежниот даночен орган може да изврши прекинување на регистрацијата кога:

а) во претходната календарска година даночниот обврзник поднесува даночни пријави без искажување на данок за извршен промет и без искажување претходен данок за одбивање;

б) во двете претходни календарски години даночниот обврзник поднесува даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, со исклучок на случаите кога во истите периоди во даночните пријави искажува само промет ослободен од данок со право на одбивка или претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него;

в) даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности;

г) даночниот обврзник не поднесува даночна пријава и тоа за најмалку два даночни периоди кај месечните и тримесечните даночни обврзници;

д) кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување; ѓ) ќе настапат случаите од членот 9-а ставови (1) и (2) на овој закон.

3. Даночните обврзници во смисла на став 1 првата реченица и на став 4 на овој член ја поднесуваат пријавата најдоцна до 15 јануари во тековната година. Ако даночниот обврзник започнал со вршењето на својата дејност во текот на календарската година, пријавата се поднесува во рок од 15 дена од почетокот од вршењето на дејноста. Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 1.000.000 денари, даночниот обврзник ја поднесува пријавата најдоцна до 15 во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.

4. Пријавата за престанок на регистрацијата за данокот на додадена вредност, даночните обврзници ја поднесуваат најдоцна до 15 јануари во годината од која сакаат да престанат да бидат регистрирани за данокот на додадена вредност.

5. Надлежниот даночен орган може да одбие да го регистрира даночниот обврзник кој започнува да врши дејност и даночниот обврзник кој доброволно се пријавил за регистрација, доколку:

а) не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности;

б) не може да ја докаже реалната намера да врши дејност или

в) кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување.

(14) По исклучок од ставот (8) на овој член, на барање на даночниот обврзник, надлежниот даночен орган ќе изврши прекинување на регистрацијата кога во секоја од двете претходни календарски години даночниот обврзник поднесува даночни пријави со вкупен промет кој не го надминува износот од ставот (1) на овој член и во секоја од двете претходни календарски години во даночните пријави нема искажано претходен данок за одбивање.



Член 51-а



Надлежниот даночен орган по пријавата за регистрација за данок на додадена вредност или пријавата за отповикување на регистрацијата за данок на додадена вредност, согласно со членот 51 ставови (7), (8) и (13) од овој закон донесува решение во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на пријавата.