Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

 

ОДБИВКА НА ПРЕТХОДНИОТ ДАНОК



(1) Услови за одбивка на претходниот данок



Член 33



(1) Претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден даночен период.



(2) Претходниот данок од став 1 на овој член се однесува на:



1.Данокот на додадена вредност за прометот кој е извршен спрема даночниот обврзник од страна на други даночни обврзници.



2.Данокот на додадена вредност за плаќања, кои даночниот обврзник ги извршил за промет во смисла на точка 1 од овој став, кој сè уште не е извршен спрема него и



3.Данокот на додадена вредност кој е платен за увозот на добра.



Член 34



(1) Правото на одбивка според член 33 на овој закон може да се оствари:



1.Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност.



2.Врз основа на фактура која е издадена во согласност со членовите 53 и 53-б од овој закон, или царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или актите и Извештаите од членот 53 став (2) од овој закон и ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.



(2) Правото на одбивка на претходниот данок настанува во моментот, во кој се исполнети сите услови според член 33 на овој закон и според став 1 од овој член.



(3) Министерот за финансии се овластува да донесе поблиски прописи во врска со тоа, во кои случаи и под кои услови може, за цели на поедноставување на правото на одбивка на претходниот данок, да се откаже од обврската на издавање фактура во смисла на член 53 на овој закон или на поединечни податоци во истата.



Член 34-а



(1) Правото на одбивка според член 33 на овој закон може да се оствари и ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за инвестициски вложувања во објектот на закуподавачот, во случај кога објектот се користи за вршење на стопанската дејност на даночниот обврзник кој е закупец.

(2) За инвестициски вложувања од став (1) на овој член се сметаат вложувањата во објектот извршени од страна на закупец кои се однесуваат на: градење, реконструкција, адаптација, надградба и доградба со кои се зголемува вредноста на закупениот објект.



(3) Правото на одбивка на претходниот данок настанува во моментот, во кој се исполнети сите услови според членовите 33 и 34 став (1) на овој закон.



(2) Исклучување на правото на одбивка на претходниот данок



Член 35



Даночниот обврзник нема право на одбиток на претходниот данок за:



1. Набавки или увозот на добра и користењето услуги за цели на прометот:

 

а) ослободен од данок според член 23 на овој закон или

б) во странство кој би бил ослободен од данок според член 23 од овој закон,ако би се извршувал во земјата;



2. Набавки, производство и увоз на велосипеди, моторни возила со помалку од четири тркала (категорија L), возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), исклучувајќи ги возилата за комбиниран превоз, летала, пловни објекти, како и резервни делови, гориво и потрошен материјал за нив, нивно изнајмување, одржување и поправка и за други услуги поврзани со нивно користење. Ова не важи во случаите, кога даночниот обврзник ги користи превозните средства или другите добра во календарската година исклучиво за следниве дејности:



а) промет со наведените превозни средства и други средства;

б) изнајмување на наведените превозни средства;

в) превоз со наведените превозни средства;

г) обука на возачи со нив и

д) одржување и поправка на наведените превозни средства и други добра;



3. Расходи за репрезентација на претпријатието или на сопственикот (гостење, подароци, одмор, рекреација и разонода);



4. Набавки или увоз на фрижидери, аудио и видео апарати, теписи и уметнички предмети со кои ги опремуваат своите административни простории;



5. Издатоци за превоз на лица;



6. Издатоци за сместување во хотели или слични објекти и за исхрана со исклучок на издатоци за кетеринг за лица ангажирани од филмскиот продуцент, при производство на филм наменет за јавно прикажување и



7. Данокот на додадена вредност кој го должи издавачот на фактурата според член 55 став 1 или 2 на овој закон.



(3) Поделба на претходните даноци



Член 36



(1) Ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра или примените услуги, како за промет со, така и за промет без право на одбивка на претходниот данок, лицето може да го одбие само оној дел од претходниот данок,кој отпаѓа на прометот со право на одбивка на претходниот данок. Данокот исклучен од правото на враќање според член 35 од точка 2 до точка 7 на овој закон не се зема предвид при поделбата.



(2) Министерот за финансии се овластува да донесе поблиски прописи за спроведување на став 1 од овој член и притоа да одобри одредени олеснувања.



(4) Исправка на одбивка на претходниот данок



Член 37



(1) Доколку кај одредено инвестиционо средство се променат околностите кои во календарската година на прва употреба биле одлучувачки за одобрување на претходниот данок и доколку промената настапи во рок од пет години од почетокот на употребата на средството, во тој случај се врши порамнување за секоја календарска година на промена преку исправка на одбивката на претходниот данок кој отпаѓа на трошоците за негова набавка или производство. За недвижности, рокот изнесува десет години.

(2) При исправката според став 1 на овој член, за секоја календарска година на промената, се поаѓа од една петтина во случаите од првата реченица, а во случаите од втората реченица од една десеттина од претходниот данок кој отпаѓа на инвестиционото средство. Во согласност со конкретните случаи се земаат предвид и пократки рокови.

(3) Измена на околностите постои и ако даночниот обврзник го отуѓил или пренаменил за сопствена потрошувачка според член 3 став 3 точка 1 на овој закон сè уште наменски подобното инвестиционо средство пред истекот на соодветниот рок за исправка според ставовите 1 и 2 на овој член и доколку отуѓувањето или сопствената потрошувачка можат поинаку да се оценат за цели на претходниот данок, отколку употребата во првата календарска година.

(4) Став 3 од овој член важи и ако отуѓувањето или самопотрошувачката настапиле во календарската година на негова прва употреба.

(5) Исправката според ставовите 3 и 4 на овој член се врши така, што ќе се смета дека инвестиционото добро се користело во периодот од отуѓувањето или самопотрошувачката до истекот на соодветниот рок за исправка и натаму за стопанската дејност на даночниот обврзник според соодветните променети околности.

(6)Министерот за финансии се овластува да донесе поблиски прописи за спроведување на ставовите од 1 до 5 на овој член и притоа да одобри одредени олеснувања.