Така се градеше фирмата...

Прво пуштаме музика, а потоа компјутери...

Верност, традиција, долговечност...

 

Даночен систем во РМ

Данок на додадена вредност

Пресметување на данокот



Член 40



1. Даночниот обврзник го пресметува данокот на додадена вредност за соодветниот даночен период според вкупно извршениот промет и вкупно примениот промет за кој е даночен должник согласно со членот 32-а од овој закон, доколку во тој период настанал даночен долг според членот 31 ставови (1), (2), (3), (4), (5), (6) и (7) на овој закон, освен прометот извршен во постапка на присилна наплата или присилно извршување, доколку доверителот непосредно не се стекнува со доброто, согласно со членот 4 став (4) како и во случаите од членот 4 став (5) од овој закон. При пресметувањето се земаат предвид исправките според членот 22 ставови (1) и (2) и долгуваните износи според членот 55 став (2) од овој закон.



2. Данокот пресметан според став 1 на овој член се намалува за претходниот данок кој може да се одбие според членовите од 33 до 36 на овој закон, а кој се однесува на истиот даночен период, за кој се пресметува данок. При утврдувањето на претходниот данок се земаат предвид исправките според членовите 22 и 37 на овој закон.



3. Ако за целите на оданочување биле решавачки околностите од одредена календарска година, кои можат да се утврдат само привремено во текот на таа календарска година, во тој случај даночниот обврзник е должен да изврши конечна пресметка на даноците во даночната пријава за последниот даночен период од таа календарска година.



4. При увоз на добра, данокот на додадена вредност го пресметува надлежниот царински орган кој ја спроведува постапката за царинење.